Opera за iOS сега има вграден VPN сервери

Најновата верзија на Opera за iOS на своите корисници им овозможува бесплатни VPN сервери. Со ова компанијата ја додава истата функционалност од десктоп верзијата и на мобилната верзија. Засега нема најава за Android верзија.

Заедно со овој новитет, Opera додаде нови локации за VPN. Освен САД, Канада и Германија, кои беа достапни и претходно, сега корисниците можат да користат и VPN лоцирани во Сингапур и Холандија. Како и кај десктоп апликацијата и на мобилната верзија корисниците треба да го активираат VPN. Opera не е единствената апликација која нуди VPN на мобилни платформи, но бесплатни апликации се поретки. Се разбира ова значи дека корисниците ќе платат со податоците. Овој пат преку VPN Opera, собира податоци за навиките за „сурфање“ кои потоа анонимизирани ги продава на заинтересираните компании, вели Venture Beat.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии