Оpera тестира верзија со вграден VPN

Помалку подзаборавениот прелистувач Opera отсега на своите корисници им овозможува пристап на интернет преку вграден VPN. За ова корисниците треба да ја преземат тест верзијата Opera developer прелистувачот, во која се тестираат следните надградби. Според соопштението на компанијата, не сите надградби кои се тестираат ќе бидат дел од финалната верзија. Сите кои сакаат да ја тестираат VPN-врската, по преземањето на прелистувачот треба во Privacy & Security делот да ја активираат VPN опцијата.

VPN овозможува маскирање на IP адресите и пристап до страници кои го ограничуваат пристапот во зависност од локацијата. Сообраќајот преку VPN на Opera не е ограничен, а серверите се сместени во: САД, Канада и Германија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии