Opera, а не Internet Explorer, е изборот на Microsoft за телефони со послаби перформанси

Opera ќе биде изборот на Microsoft кога се во прашање телефоните со послаби перформанси. Прелистувачот ќе го замени Internet Explorer на Nokia Series 30+, Series 40 и Nokia Asha. Станува збор не само за телефони кои се со послаби перформанси, туку и за телефони кои не доаѓаат со Windows Phone оперативен систем. Дополнително ова можеби е и показател дека компанијата сака да го искористи брендот Nokia кој сè уште високо котира, за да стигне до корисниците кои ги користат најевтините телефони.

Opera Mini прелистувачот наскоро ќе започне да доаѓа преинсталирана на новите телефони од Microsoft кој не се со Windows Phone оперативен систем, а корисниците на постарите телефони ќе добијат порака да го надградат прелистувачот. Според податоците на The Next Web, Opera има 250 милиони корисници на сите платформи.

Microsoft планира на дел од послабите „глупави“ телефони да им додаде дел од функциите на паметните телефони. Opera Mini e првата од овие функции, а компанијата најавува и Skype и OneDrive за Nokia телефоните. Минатата недела Microsoft ги најави Nokia 310 телефоните кои чинат помалку од 20 евра и според зборовите на компанијата, се најевтините телефони кои доаѓаат со MP3-player и можност за гледање на видео.

[youtube]a6SX3Gxbawc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии