OpenSpace е нов co-working простор за претприемачи и фриленсери

На агол помеѓу Огнен Прица и Бихаќка, во каскадната зграда пред Симпо се отвора OpenSpace; нов co-working простор, наменет за стартапи, фриленсери и дигитални номади.

Просторот е наменет за сите кои се кои се во потрага по релаксирана атмосфера. OpenSpace преку co-working ќе се обиде да помогне да се надмине еден од проблемите на фриленсерите, високата наемнина за канцелариски простор.  Овој простор ќе му овозможи на секој млад човек да си дозволи сопствен деловен простор по пониска цена. OpenSpace треба да биде екосистем каде уникатни и креативни професионалци ќе се среќаваат и ќе си помагаат при создавање на нови успешни приказни на стартaп сцената во Скопје и Македонија.

Она што го нуди OpenSpace е простор во кој за 5.500 денари месечно се вклучени сите трошоци и интернет пристап. Дополнително, посетителите имаат сопствено плакарче, фиока и поштенско сандаче, но и пристап до кујната и конференциска сала.

„OpenSpace има за цел да им понуди на студентите еден поинаков простор каде што ќе можат да работат на своите проекти. Наместо да се собираат по кафе барови и по студентските библиотеки, OpenSpace им ја отвара вратата на својата конференциска сала по симболична цена, за изработка на своите проектни задачи. Креативниот и уникатен дизајн на нашиот простор ќе се обиде да им вдахне мотивација на нашите идни претприемачи и креативни луѓе. Истовремено, посетувајќи го нашиот простор можеби ќе ја најдат првата работа или пракса“, велат од OpenSpace.

Локацијата ќе се обиде да ги привлече пред сѐ помладите претприемачи, студенти и основачи на стартапи. Просторот нуди и програма за пракси и ангажмани за млади луѓе кои припаѓаат на социјално загрозени групи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии