OpenIV затворена, GTA V модерската заедница разбеснета

OpenIV затворена, GTA V модерската заедница разбеснета

Во случај да сте ја провериле GTA V, дури и на кратко, тогаш не можете, а да не бидете импресионирани од огромниот свет кој Rockstar North го имаат креирано. Зошто тогаш рецензиите на Steam се претежно негативни?

Во последните 30 дена, само 20% се позитивни рецензии

Проблемот со негативните рецензии доаѓа поради наредбата на Take-Two да се затвори OpenIV – децениски стара и особено сакана платформа за дистрибуција на модови за GTA IV и GTA V. OpenIV е едитор на модови за кампањата за еден играч и авторите се имаат потрудено да не се користи за онлајн делот од играта и злоупотреба на искуството таму. Арно ама…

„Напорите на Take-Two не се против модовите за еден играч,“ објаснуваат од компанијата и додаваат: „За жал, OpenIV овозможува активација на малициозни модови кои охрабруваат малтретирање на играчите и го загрозуваат GTA Online искуството за сите. Работиме на случајот да откриеме како да продолжиме да ја подржуваме креативната заедница без да негативно влијаеме на нашите играчи.“

Ова, претпоставувате, само ја разбесни фан базата и ги принуди да го искажат нивното незадоволство на секој можен начин. Преку ноќ, почнаа да се пишуваат стотици и стотици негативни рецензии кои ја преточија препознатливата плава боја од генерално позитивни рецензии во вознемирувачко црвена. На некое друго време и место, почна да се работи на петиција која собра над 50 000 потписи и се спрема да се достави до Rockstar Games и Take-Two Interactive.

„Јас и претставници од LSPDFR и GTA заедницата за модови бараме да се дозволи на OpenIV да продолжи со дистрибуција и работа софтверите за модификации и да биде и понатаму легално модирањето во серијалот Grand Theft Auto.“, бара креаторот на петицијата.

LSPDFR е мод кој ја трансформира играта во полициска симулација, од стопирање сообраќај, преку автомобилски брканици, па се до земање на законот во ваши раце онака како што сакате.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии