Во случај да се сомневате во начинот на кој работи вашето PC или пак едноставно сакате да видите каква е моментната состојба и дали некаде се креваат црвени знамиња, Open Hardware Monitor е исклучително корисна алатка.
Со Open Hardware Monitor можете да проверите најразлични вредности, од температурата на вашиот процесор, преку искористеност на работната меморија, па се до просторна искористеност на вашиот хард диск.

Немате потреба од инсталирање на Open Hardware Monitor затоа што се испорачува во пренослива форма. Откако ќе го префрлите на некој фолдер, можете да го покренете и да бидете опсипани со најразлични вредности. Покрај горе-споменатите работи, алатката ја надгледува и брзината на вашите вентилатори, температурата на вашата графичка карта (ATI или NVIDIA) и многу повеќе!
Open Hardware Monitor се покренува на 32-bit или 64-bit системи кои можат да бидат XP / Vista / 7 / 8 / 8.1 / 10, како и каков било Linux систем заснована на x86 архитектура.
Преземете го тука!