Опасност од цензура во Македонија преку новиот Закон за навреда и клевета, предупредува Метаморфозис

Деловите од Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кои се однесуваат на комуникација преку интернет може да доведат до целосно затворање за можностите за јавна дебата преку сајтови регистрирани во Македонија и преку поттикнување цензура го кршат Член 16 од Уставот на Република Македонија, пишува фондацијата Метаморфозис .

Фондацијата предупредува дека новиот предлог-закон, кој се наоѓа на прво читање во Собранието, содржи делови кои не се прецизно дефинирани како „провајдер на интернет услуги“, што може да се однесува од провајдер до веб сајтовите и форуми, па и мобилни апликации, и дека како таков терминот може да предизвика судијата, доколку се дојде до суд, да одлучи за кој дозволил навредлив коментар или клевети за трето лице.

Знаејќи дека за Веб е потребна поголема стручност во развирање на слободата на говор, кој споделува линкови и отворени платформи за комуницирање, вакви недевинирани термини можат да бидат лошо протолкувани и да наштетат на голем дел од сајтовите кои само со една поголема финансиска казна (според предлог-законот има казни до 27.000 евра) ќе бидат приморани да го изгасат својот сајт.

Ова е членот 11 кој се однесува на Интернет:

Одговорност на провајдерот на интернет-услуги
Член 11
(1) Провајдерот на интернет услуги превзема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации.
(2) Провајдерот на интернет услуги не одговара за изнесена навреда или клевета како резултат на овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации под услов доколу:

  1. докаже дека авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата, и
  2. докаже дека не бил свесен ниту трeбал да биде свесен дека навредлив или клеветнички материјал е објавен на веб порталот, или, во рок од 24 часа откако станал свесен за навредливиот и клеветнички карактер на објавениот текст или информација, ги превзел сите технички и други мерки за отстранување на таквата информација. Барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице.

Во суштина, законот бара веб сајтовите да бидат построги кон своите читатели кои оставаат коментари, иако како што наведува фондацијата Метаморфозис „со овој член сопствениците се ставаат во ситуација да мора да ја докажуваат дека биле невини, наместо оној кој ги тужи да треба да понуди докази за нивната вина односно зла намера“. Односно:

„Законов ќе ги обврзе порталите да цензурираат содржини објавени од нивните корисници по барање на „оштетеното лице“, не по судски налог врз основа на докажан и осуден прекршок. На пример, некој владин функционер може да биде навреден од изнесување докази за негова корупција. Ако провајдерот не може да докаже дека сторил сè да му го спаси угледот тогаш се соочува со иста одговорност за содржините како граѓанинот кој ги објавил.“

Фондацијата бара од пратениците на РМ да го одбијат законот во таква форма, и бара од граѓаните, медиумите и организациите активно да се вклучат во дискусијата и доведување на соодветен закон кој ќе ги спречи навредите и клеветите на Веб и по медиумите.

Дали се согласувате со Метаморфозис? Дали треба сопствениците на сајтовите да цензурираат, или пак слободното право на мислење, какво и да е, треба да се почитува?

1 коментар на “Опасност од цензура во Македонија преку новиот Закон за навреда и клевета, предупредува Метаморфозис

  1. wtf? Кој сака да бидеме Кина?

    Упс, напишав wtf… ќе ме цензурирате?

    Се сложувам дека имаме интернет култура далеку под било какво ниво. Точно е дека речиси и нема серија коментари на статија (дури и овде на ИТ) без накој некого да го навредува. Тоа не е добро, ама реалноста е дека ние сме таков вид на ѓубре, и ќе нѝ треба време за да станиме цивилизиран народ. Дека тоа ќе го прикриваме со некаков си таму закон, ништо нема да смени, ниту ќе нѐ направи повеќе луѓе.

    Ете, и сам во овој коментар нѐ засегнав сите (па и самиот), со навредата дека сме „ѓубре“. Е па сме, па кој сака, нека ме цезурира и нека се покажи како поголемо ѓубре од мене. Да не речам, ѓубре над ѓубрињата :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии