Mladiinfo.com

Одличен сервис кој ако редовно го посетувате сигурно ќе најдете нешто што ви одговара. Секојдневно на сервисот има нови стипендии за сите нивоа на образование, информации за тренинзи и конференции на кои може да учествувате, можности за практиканстка работа и вработување, можности за спонзорирање на проекти и невладини организации,  натпревари од секоја област и најновата опција – информации за волонтирање. Од сопствено искуство, бидејќи често ја посетувам страницата, таму најдов информации за неколку натпревари на кои учествував до сега и ми се отворија дополнителни можности. Ако си ја букмаркирате нема да згрешите.

Национална агенција за образовни програми и мобилност

Ова е јавна државна агенција која е задолжена да ги презентира условите за мобилност во Македонија. Овде има повеќе програми и оваа агенција покрива можности за целото образование, почнувајќи од Комениус за ученици во средните и основните училишта, Еразмус програмата која е наменета за студентите,  Млади во акција која е наменета за невладини организации, јавни тела или неформална група на млади луѓе и останати можности за другите сектори во образованието како можности за самите институции или пак за вработените во образовниот процес. Важно за студентите е дека за да можат да учествуваат во Еразмус програмата, нивниот универзитет треба да има договор со Еразмус, што засега го имаат само државните универзитети. На оваа страница не толку често се појавуваат новости, но оние кои студираат на опфатените факултети, истите информации можат да ги дознаат и од својот факултет.

DAAD

Германска Академска Служба за Размена е организација на германските високо – образовни институции и студентcки корпорации во Германија. DAAD секоја година доделуваат голем број стипендии на студенти, академски кадар и научници. Одлично е тоа што можат да аплицираат и студенти кои не го знаат германскиот јазик, затоа што постојат многубројни програми кои се изучуваат на англиски јазик, кој го знаат поголемиот дел од македонските студенти.  Работи на принципот што вие најпрво мора да искомуницирате со саканиот факултет во Германија, да добиете потврден одговор дека би ве примиле да студирате таму ако добиете стипендија, па ги поднесувате документите. Лично познавам неколку студенти кои ги искористија овие можности, а има најразлични стипендии, за сите по нешто.

Basileus

Басилеус програмата е програма за Западен Балкан која е многу слична на Еразмус програмата, со предноста што овде може да аплицира секој студенти од застапенитe држави. Клучниот дел на Басилеус е мобилноста и стипендии за студентите, за жал не од многу голем број. Има специјални стипендии за малцински групи и хендикепирани студенти. Многу одлични универзитети се вклучени во оваа програма, и студентите се повикани да изберат и да аплицираат на повеќе од нив наеднаш за да им се зголемат шансите. Басилеус стипендиите ги покриваат сите трошоци за студирање во странство.

Образовен информативен центар Скопје

Овде можете да најдете информации за стипендии, јазични школи, тестови кои ви се потребни за студирање во странство, разни курсеви и професионални обуки. За овој центар дознав на саемот на образование кој се одржува секоја година во Скопје, и на нивиот штанд имаше навистина голем број интересни понуди, особено во областа на економијата и информатиката.  Редовно ја обновуваат страницата со нови понуди за стипендии, а имаат и универзитети со кои имаат соработка секоја година, па можете да се информирате во секое време.

Фулбрајт програмата за Македонија

Ова е проект од американската влада и кај нас се одвива преку американската амбасада. Има програма за стипендирање на македонските студенти , специјална програма за докторски студии во обласнта на технологијата и науката, и можности за вработени во образованието. За да се аплицира за оваа стипендија има поголем број на услови, вклучувајќи и полагање на стандардизиран тест за соодветната струка, и тестовите не се баш лесни, но трудот вреди за можностите кои ги нудат.

Моја кариера

Функционира така што организира е-саем секоја година каде може студентите да разговараат со компаниите кои се вклучени во е-саемот,  и можеби да им се отвори некоја можност. Порталот исто така преку целата година објавува огласи за практикансткса работа во најразични фирма, поретко и за вработување.  Исто така, на порталот имаат и совети за креирање на вашето CV и како да напишете успешно мотивационо писмо.

Together Macedonia

Ставив линк од нивната Facebook страница затоа што нивната интернет страница е поретко обновувана и вистинскиот начин да бидете информирани навремено е ако ги следите на Facebook. Together Macedonia се дел од европската мрежа на младински организации Together, и соработуваат со  Европскиот Волонтерски Сервис и слични организации, и овозможуваат можности за волонтирање на младите луѓе во Македонија. За да аплицираш не мора да си студент, но мора да бидеш во старосната граница од 18 до 30 години. Волонтирањето се одвива во невладини, непрофитни и јавни органзации, има позиции од најразлични обласни во најразлични земји. Ако бидете прифатени, ќе добиете грант кој ќе ги покрие сите трошоци додека сте во странство како патување, сместување, осигурување, обука и џепарлак. Времетраењето на волонирањето се одвива од 1 до 12 месеци, зависно од понудата. За секој кој сака го истражи светот а во исто време и да напредува во својата професија, волонтирањето на ваков начин е одлична можност.

Се надевам овие линкови ќе бидат доволни за да го почнете своето истражување. Во ова денешно време, нема потреба да трчате по шалтери, кога можете со едноставни неколку клика да ја најдете идеалната можност за вас, која можеби ќе ви го промени животот.

13 коментари на “Онлајн водич за македонските студенти

  1. Наместо статијава да содржи студентски организации од типот на IAESTE / AISEC кои делуваат во повеќе градови низ Македонија (сепак насловот е Онлајн водич за македонските студенти), содржи агенции кои не функционираат воопшто веќе некое време, програми чии повици беа затворени неколку денови пред да биде објавена статијата, и локални организации кои годишно праќаат по 10 души…

  2. Има повеќе такви студентски организации, ама морав да ја скратам листата на помалку од 10 линкови за да не биде премногу долг текстот. Како некоја појдовна точка за да почнат да се информираат студентите од некаде. Фала ти за сугестијата и коментарот, оние кои ја читаат статијата ги читаат и коментарите, и јас се надевав на повеќе кои ќе придонесат како тебе со линкови, ама ти си првиот :)

    1. Сите се активни. Mladiinfo и Together имаат нови информации скоро секојдневно, Basileus, Daad i Fulbright се програми на кои може да се аплицира еднаш годишно, останатите објавуваат информации кога ќе се појави некоја новост. Сигурно си прочитал во коментарите, спорен е единствениот државен сервис овде, а тоа е Националната агенција за мобилност, која во последнава година заостанува со новости, но сепак на страницата можеш да се информираш за тоа што нудат, па најновите информации да ги побараш во нивните канцеларии.

  3. Повеќето од линковите водат кон податоци кои ги нуди граѓанскиот и невладиниот блок во РМ. Штета што оние кои дебелоо ги плаќа државата да им помогнат на младите луѓе во вакви проекти немаат никакви активности. На Националната агенција иако и се блокирани фондовите нема никаква промотивна активност повеќе од една година, а поставениот линк нема промена скоро една година, така да апсолутно е бескорисен.

    1. Јас како следач на сите овие линкови бидејќи и самата сум во потрага по она за кое пишувам, тоа го знам. Иако нема новости цела година, повеќето луѓе не ни знаат дека пости агенцијата па вака можат да се информираат за нејзината работа и да продолжат да истражуваат понатаму.

  4. Националната агенција за европски образовни програми како јавна државна агенција која е задолжена да ги презентира условите за мобилност во Македонија е целосно нефункцинална барем по информациите што ги нуди на сајтот. Како и остнатаите јавни и државни сајтови (со исклучок на неколку) делот за новости или е "заглавен" или нема кој да го обнови со нови информации. Но наскоро сето тоа ќе се промени.Група на малди ентузијасти работат на мега портал во кој секојдневно ќе има нови информации за сите студенти. Очекувајте нови информации наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии