Онлајн видео промоција

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Со YouTube утврдивме како со домашно видео се станува ѕвезда. Доколку имате идеја, сега со технологијата е лесно да се изработи таа идеја. Сервисите се достапни на интернет, потребна е дигитална камера и софтвер за изработка на видеото… и добивате видео клип со добар квалитет. Интересна идеја нема да биде пропуштен.

Причината за овој текст е новиот сајт 99DollarMusicVideos сервис чија поента е да привлече нови креативни музичари и режисери со тоа што ќе ги промовира. Зад него стојат добри компании, направен од луѓето од Next New Networks и Verizon.

99DollarsMusicVideo има интересна идеја базирана на очигледното – дигитална камера, софтвер, направи сам – но сега прави еден вид игра или натпреварување ако може така да се нарече. Условите се видеото да биде снимено само за еден ден, што ја покажува едноставноста на користење технологија за правење видеа. А вториот е буџетот на видеото да не изнесува повеќе од 99 долари. Сега не се пресметува опремата што ја имате, така да некој со поквалитетна опрема може да направи подобро видео но поентата тука е дека промовирањето преку видео сега е едноставно.

Другиов пример Half-Life 2 Short Film – Escape From City 17 е малку покомплициран за изработка и чини многу повеќе – дури 400 долари. Првин погледнете за што станува збор:

Ваквите видеа се нарекуваат „инди“ филмови скратено од „Independant"(независни), но не сакам да зборувам за стилот на филмот туку за неговото производство со помош на технологијата. Овој краток филм изгледа доста понапреден од било кој краток филм снимен за 500 долари, но трикот е во тоа што визуелните ефекти се земени од Half-Life 2. Исто така во нивното интегрирање во филмот на Дејвид и Јан Пурчес (познати професионално како Purchase Brothers) им помогнала Valve Software компанијата зад Half-Life. Иако овој проект е правен од професионалци со професионална опрема сепак поентата е што се потрошени 400 долари за нешто интересно и креативно, а за кое не е потребно огромно холивудско студио.

Escape From City 17 се појави на YouTube минатата недела и веќе е видено преку 2 милиони пати. Purchase Brothers планираат и втор дел од видеото, но поради популарноста тој проект ќе се одолжи „Добиваме тонови е-маил и телефонски јавувања кои ни одземаат време“ рече Дејвид Пурчес за NewTeeVee.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии