Онлајн продажбата на музика ќе порасне во 2011-та

Истражувачката компанија Gartner објави извештај според кој оваа година профитот од онлајн музика се очекува да порасне за 7 отсто, или на 6,3 милијарди долари. Причината за овој раст е подемот на музичките сервиси како Spotify, iTunes, Rdio, Pandora и многу други.

Gartner предвидува дека до 2015 потрошувачката за онлајн музика ќе порасне на 7,7 милијарди долари од 5,9 милијарди во 2010 година. Продажбата на ЦД-а се очекува да продолжи да опаѓа, дел поради големата застапеност на пиратеријате, дел поради сè поголемото користење на онлајн музичките сервиси. Во 2010, приходот од продажба на цедиња изнесувал 15 милијарди долари, а до 2015 таа бројка ќе опадне на 10 милијарди долари.

Според аналитичарот на Gartner, Марк МекГвајер, музичката индустрија е првата која го има целосно доживеано ударот од интернетот и новите технологии. Огромен број на корисници го користат интернетот за нелегално споделување музика, и тоа сè уште претставува голем проблем за дискографските куќи.

Појавата на музичките сервиси влеваат надеж дека пиратеријата може драстично да се намали, и според Gartner, претплатите за овие сервиси до 2015 се очекува да вредат 2,2 милијарди долари, што би претставуало 29 отсто од вкупниот онлајн музички профит.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии