Онлајн продажбата за време на Black Friday/Cyber Monday ги надмина очекувањата

Онлајн продажбата постави нов рекорд на Black Friday и Cyber Monday.  Онлајн продавниците продадоа стока во вредност од 3.34 милијарди американски долари, а 1.2 милијарди доаѓаат од мобилни платформи.

И онлајн и мобилните платформи забележуваат значителено зголемување во однос на минатата година. Споредбено со минатата година онлајн продажбата е 21.6 отсто повисока, а од мобилните платформи забележан е пораст од 33 отсто.

Најголемиот дел од ланците за продажба во САД и пошироко: Amazon, Target, Walmart, јавуваат дека имаат поголема продажба од минатата година. Amazon објави дека оваа година Black Friday, го надминал Cyber Monday од минатата година. Сепак проекцијата за Cyber Monday се оствари па оваа година и овој ден постави нов рекорд.

Според статистиката Cyber Monday има 12 отсто подобра продажба од лани. Оваа година продажбата е 3.45 милијарди долари, или околу 110 милиони долари повеќе од Black Friday. Анализата на Adobe предвидува 53 денови по рeд кои ќе надминат 1 милијарда во вкупна онлајн продажба, споредбено со само 31 последователни денови со вакви надминувања во 2015, пренесува CNET.

Најголем пораст од 34 отсто за Cyber Monday во понеделникот е забележан од продажбата на телефони. Над 1.07 милијарди US долари се потрошени на овие уреди, но бројката е пониска за време на Black Friday.

Посетите на сајтовите за продажба во овој период повторно во најголем дел доаѓаат од  мобилните уреди. Дури 47 отсто од посетите доаѓаат од паметните телефони, а 9 отсто од таблет компјутери. Учеството во продажбата е нешто помало: 29 отсто од паметни телефони и 11 отсто на таблети.

Споредбата на мобилните платформи повторно е во корист на iOS. Просечното купување од iOS е 144 долари, а од Android 136 долари.

Најдобро продавани електронски уреди се: iPad и MacBook Air од Apple; 4K Samsung телевизори, телевизори на LG и Xbox од Microsoft.