Доаѓање до брендот на автомобилот исто така не е лесна задача. Иако голем дел од брендовите имаат свои .мк домени, дел можат да се најдат само под своите дистрибутери, така што наоѓањето беше дополнителна авантура. За да увидат продавачите дека веб страните во ова време се и те како важни, во својата потрага по нов автомобил веднаш ги одбив од конкуренција два продавачи кои немаа никакви контакт информации на својата страна (исто така и цени), како и еден продавач кој токму за моделот на автомобилот за кој барав информации линкот беше нефункционален. Исто така се обложувам дека дел од дилерите немаа направено измени во цените кои трпеа промени од тековни попусти (гледајќи по рекламите од телевизија) додека на веб сајтот стојат стари цени, со што тие автомобили ги отпишав како прескапи иако истите можеби биле во мојот предвиден буџет. Доколку бев во состојба да дојдам до дополнителни информации, можеби и ќе изберев друг автомобил.

Со статијава би сакал да им предочам на дилерите на автомобили дека не е доволно да само да „имате” веб сајт, туку истиот да е функционален и редовно ажуриран.

Peugeot

URL: http://www.peugeot.com.mk/
Изработка: Flash + HTML
Коментар: Пристоен дизајн, и редовно уредувани содржини, со навремени информации за промоциите и цените на возилата.
Багови: Во сите прелистувачи линковите за возилата отвараат нов прозорец со иницијалниот екран, и саканото возило не се отвара. Така што има само делумно функционален сајт, каде не може да дојдеме до деталите на возилата.
Оценка: 5/10

Citroen

URL: http://www.citroen.com.mk/
Изработка: HTML
Коментар: Едноставен, на моменти и штур дизајн, но ги содржи потребните информации.
Багови: CSS багови, менијата во подстраните немаат позадина.
Оценка: 6/10

Renault

URL: http://www.renault.com.mk/
Изработка: HTML + Javascript
Коментар: Интересен кориснички интерфејс, кој би можел да биде уште по корисен ако ја памти позицијата каде последен пат сте застанале наместо да мора да скролувате повторно до старата позиција. Дополнителните ефекти со JavaScript го прават сајтот да изгледа како да користи Flash, но при тоа работи и на паметни телефони (Android, iPhone). Мораме да го пофалиме едноставниот но ефективен изглед на сајтот, кој ги содржи сите информации, лесен за навигација.
Багови: Не открив.
Оценка: 9/10

Hyundai

URL: http://www.hyundai.com.mk/
Изработка: HTML
Коментар:Едноставен HTML сајт кој ги содржи сите потребни информации кои се потребни за купување на Hyundai автомобил. Цените се редовно ажурирани, како и информациите и моделите на автомобилите.
Багови: Не открив.
Оценка: 8/10

Toyota

URL: http://www.toyota.com.mk
Изработка: Flash + HTML
Коментари: Иако сајтот е релативно едноставен, навигацијата не е многу прегледна, што ја ограничува корисноста на веб сајтот. Цените со попусти не беа вметнати во ценовниците, што значи дека содржината не се ажурира редовно.
Багови: Не открив.
Оценка: 7/10

Mazda

URL: http://www.mazda.com.mk/
Изработка: Flash + HTML
Коментар: Едноставна навигација, но целиот сајт е на латиница, а брошурите на хрватски. Контакт информации за дилерот нема (контакт страната е празна?), така да мора да барате Мazda дилер по жолти страници. На крај успеав да најдам број на застапникот во ценовникот, кој е PDF датотека. Основната цел на веб страната е да информира за возилата како и за застапниците на истите, стандарди кои, по мое мислење, оваа веб страна не ги исполнува.
Багови: Не откривме
Оценка: 6/10

Mitsubishi

URL: http://www.mitsubishimotors.mk/
Изработка: Flash + HTML
Коментар: Еден од подобрите веб сајтови за автомобили на кој наидов, со едноставна и ефективна навигација, импресивен за гледање, и функционален со своите конфигуратори за цената на автомобилите.
Багови: Не открив.
Оценка: 9/10

Ford

URL: http://ford.mk/
Изработка: HTML + JavaScript
Коментар: Шарен, но сепак едноставен и ефективен во својата цел, со сите информации кои се потребни при пазарење на нов автомобил.
Багови: Кликањето на табовите во деталите на автомобил го носат скролот на врвот (линкот е котва #), што малку нервира.
Оценка: 8/10

Skoda

URL: http://www.skoda.com.mk
Изработка: HTML + JavaScript
Коментар: Шкода доби редизајн на својата веб страна со едноставен и функционален веб сајт каде линковите конечно работат. Навигацијата на деталите за возилата не е најинтуитивна, но е сепак задоволителна.
Багови: Не открив.
Оценка: 8/10

Dacia

URL: http://www.dacia.com.mk
Изработка: HTML + Flash
Коментар: Едноставен веб сајт со јасна навигација. Сликите од галериите се отвараа во pop-up прозорец, решение кое во денешно време е напуштено за помодерните т.н. „modal” прозорци.
Багови: Не открив.
Оценка: 7/10

Nissan

URL: http://www.nissan.com.mk/
Изработка: Flash
Коментар: Иако Flash би требало да работи на сите прeлистувачи, од некоја причина сајтот не се отвара во Google Chrome. Навигацијата е едноставна, но ограничената големина на прозорецот го ограничува количеството на податоци кои можат да биде прикажано. Сајтот не работи на прелистувачи на мобилни телефони.
Багови: Не открив.
Оценка: 6/10

Audi

URL: http://www.audi.com.mk/
Изработка: HTML + Flash
Коментар:Дизајнерите во намера да го искористат целиот простор користеле флуиден дизајн, кој за жал на поголеми дисплеи го носи менито во крајно десно, и ја прекршува навигацијата и функционалноста на сајтот. Доколку го намалите прозорецот доволно за навигацијата да дојде на својата нормална позиција, добивате пристоен и информативен сајт.
Багови: Проблем со навигација.
Оценка: 6/10

BMW

URL: http://www.bmw.com.mk
Изработка: HTML + JavaScript + Flash
Коментар: Иако е визуелно импресивен, со интуитивна навигација, сепак дел од сајтот не беше преведен, и имав потешкотии со лоцирање на информации за цените на автомобилите. Линкот со цените беше празен документ.
Багови: Online store линкот не работи
Оценка: 7/10

Chevrolet

URL: http://www.chevrolet.mk/
Изработка: HTML + JavaScript
Коментар: Морам да дадам петка за менито со возилата, навистина свежо и оригинално. Целиот сајт користи HTML и JavaScript што му дава свежина и ефекти слични на Flash, но без да го оптеретува истиот. Но, откако ќе се влезе во деталите за некој автомобил, не чекаат штури информации и превземање на каталог. Очекував повеќе по впечатливиот прв впечаток.
Багови: Не открив.
Оценка: 8/10

Opel

URL: http://www.opel.com.mk/
Изработка:HTML + Flash
Коментар: При отварање на брендот ја добиваме страната на застапникот Авто Куќа. Од менито потоа треба да избереме Оpel, по што ќе бидете однесени на мини сајтот на Оpel. Менито е нефункционално, големината на сајтот е малечка, и не можеме да најдеме пофални зборови.
Багови: Не открив.
Оценка: 6/10

Volkswagen

URL: http://www.vw.com.mk/
Изработка: HTML + JavaScript + Flash
Коментар: Корисен и функционален веб сајт, на кој ни сметаа само малите букви, кои на поголеми дисплеи се тешки за читање.
Багови: Не открив.
Оценка: 7/10

17 коментари на “Онлајн потрага по нов автомобил

  1. Прашање !!!

    Зошто ми е избришан вториот коментар што го имав оставено ?
    Или некој се има навредено од тој коментар ?
    А немаше ништо навредливо во коментарот.

    Барам објаснување зошто е избришан коментарот ???
    Го пишував пола саат и го избришавте !!!
    Слободно напишете ми ја причината за неговото бришење, ако не сакате јавно пишете ми на mail.
    А ако нема причина слободно избришете го и овој и првиот коментар !!!

    Поздрав…

    1. Здраво Критичар,

      It.com.mk не брише коментари освен ако не се вулгарни и навредливи, без врска на мислењето. Всушност, креативната критика е секогаш добредојдена, верувам и за другите што коментираат.

      Инаку, твојот коментар завршил во спам фолдерот. Не знам зошто, но сега е вратен.

      Поздрав

      1. ОК, ОК

        Значи проблемот е решен…
        Ми беше чудно, затоа што немаше ништо вулгарно и навредливо во коментарот, беше напишан според некои непишани стандарди, а го однема за 3-4 саати.

        А ова може да биде како еден мал совет кон менаџерските тимови на компаниите, кои секако не мора да го прифатат, тоа си е нивна одлука !!!
        Ама срамота е во ерата на Интернетот, да не можеш од дома да провериш колку е цената на возилото, или да не можеш да симнеш официјални слики, брошура или видео, за нешто што навистина те интересира, а е од обостран интерес за тебе и за компанијата.

        Поздрав

  2. Дополување на претходниот коментар:

    Воопшто не се замараат нашите увозници за тоа како ќе им изгледа web страната, а во моментов тоа мислам дека им е најмоќната реклама што можат да ја понудат на сегашните и идните купувачи, затоа што Интернетот во моментов е најмоќното средство за реклама и ќе остане и во иднина …
    Не ми е јасно како може на официјална страна на познат светски бренд од автомобилската индустрија кој сака да привлече што повеќе купувачи, едноставно да ја нема моменталната цена на моделите кои се нудат на пазарот или да нема можност да си симнеш брошура за моделите кои ги нудат за продажба !!! А брошурата за еден модел можат да ја направат да не речам за 4-5 саати… Ова е навистина чудно и не ми е јасно како можат менаџерските тимови на престижни марки на автомобили да си дозволат ова да им се случува… А продаваат коли кои вредат и над 50.000 ЕВРА, а за добра и навремено ажурирана web страница не би требало да ги чини повеќе од 2.000 до 3.000 ЕВРА !!!

    Како пример ќе ја земам web страницата на AUDI (кој го сметам за еден од најголемите и најмоќни светски брендови со едни од најдобрите модели кои постојат во светот).

    Погледнете ги
    Македонската официјална web страница на AUDI : http://www.audi.com.mk
    Англиската официјална web страница на AUDI : http://www.audi.co.uk

    Македонската официјална web страница за AUDI A5 Sportback : http://www.audi.com.mk/gruppe_start.php?id=a5
    Англиската официјална web страница за AUDI A5 Sportback : http://www.audi.co.uk/new-cars/a5/a5-sportback.ht

    И сами направете си споредба !!!

  3. Текстов е на право место !!!

    Ова се сериозни играчи на светскиот автомобилски пазар кои навистина би требало да се запрашаат дали вреди да се дадат малку повеќе пари за многу подобар дизајн и поголема функционалност на нивните официјални web страни…

    Пред некој ден на http://www.peugeot.com.mk ја барам цената на најновиот модел Peugeot RCZ и никаде ја нема во понуда… едноставно не можам да се изначудам како може да ја нема на официјалната страна ??? А на ТВ постојано кружи новата реклама за ова возило, дури и го возат низ Скопје !!!

    Да не беше http://www.koli.com.mk поима ќе немав отприлика колкава е цената на ова возило.
    Ама сепак http://www.koli.com.mk не е официјален претставник на гамата автомобили од Peugeot за пазарот во Македонија !!!

  4. Добар текст во секој случај, многу пати се соочуваме со вакви проблеми.
    Мислам дека најважно е една таква страна со понуда на автомобили да биде постојано ажурирана, во друг случај се е џабе.
    Ми се има случено да прашам во салон за некој автомобил и негова цена и по извесно време на интернет истиот се наоѓа со огромна разлика во цена, што значи џабе страната на направена, се знае нас македонците што не интересира – ЦЕНАТА !

  5. За мене, ако на сајтот нема најнови цени, веднаш треба да добие нула поени. Што ќе ми е опис на тоа како изгледа Мазда или Голф или било-што. Ги гледам на улица секој ден.
    Тоа што ме интересира е моменталната понуда и цената. Ако ги нема — губат купувачи. А не гледам дека баш им цветаат цвеќиња во последно време.

  6. Колку од сајтовите се локални а колку го следат дизајнот на страниците наметнат или препорачан од производителот?

    Најголем дел од овие страници се само адаптација… малку е различно кога доаѓа ред да се коментира адаптација или не?

  7. Не е баш нај ривјуто… Повеќе дека човеков е developer него ли designer :) Ни ускладеност на бои не оценува , ни динамичност , ни минималност…

    1. Поентата на текстот е дали сајтовите одговараат на корисничките стандарди, дали се има информации и лесна навигација на сајтот. Мислам дека 99% од луѓето кои ќе ги посетат сајтовите не се дизајнери, туку ќе сакаат да дознаат колку чини автомобилот и што добиваат со него, попусти и разни други информации.

      да си немаш работа со дизајнери, сто чуда гледаат :P

    2. Па, кога сме кај тоа, ниту твојава критика не е баш…
      Половина од зборовите ти се на ангилски, не споредуваш со добри примери, не наведуваш докрај што не чини …

      (Лесно е да се критикува, тешко е да се креира. Напиши нешто паметно, па да ти тежи критиката)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии