Но… од другата страна гледаме се повеќе онлајн .mk продавници, сајтови за наддавање и размена на продукти како и разни веб сервиси за објавување огласи.

Затоа да го промовираме овој аспект на користењето на интернет т.е да го поттикнеме развојот на онлајн економијата направивме кратка листа на веб продавници, сајтови за огласи и други слични сајтови… Бидејќи не ги знам сите сајтови, сигурно изоставив некој, слободно напишете во коментарите подолу. (btw лично немам купувано од овие продавници така да не знам каква е услугата, но доколку сте купиле нешто сподели го искуството во коментарите подолу)

Pazar3 – огласи

Pazar3 е сајт за бесплатни огласи. Купувам, продавам, разменувам… Според Pazar3 дневно се објавуваат по 600 огласи и имаат по 10.000 посети. Значи се што сакате има на овој сајт.

Што се однесува до приватноста, најголем пропуст е што самите корисници објавуваат број на телефон и други податоци на јавен сајт, но постои контакт преку имејл доколку не сакате да бидете јавно објавени.

ТC.mk – онлајн трговски центар

TC.mk е сајт за интернет трговија налик на трговски. Тоа значи покрај стандардното купување можете да си поставите продавница. Едноставно се регистрирате и TC.mk ви нуди јавно место за продавање на вашите продукти.

Сајтот нуди и одличен интерфејс за преглед на производот заедно со листа од слични производи, рејтинг и коментари од корисниците, како и можност за споделување на продуктот на Facebook или Twitter.

Doma.com.mk – онлајн продавница и испорака

Doma.com.mk освен што е класична веб продавница нуди можност за нарачување на артикли и испорака на истите до вашиот дом. Испораката може да биде најмалку 500 денари, а чини 100 денари. Не е лошо за седење дома и нарачување прехранбени производи.

Kupi.se – онлајн продавница за бела техника

На Kupi.se можете да најдете технологија, уреди, компјутери, лаптопи, радио за автомобили… Како и секоја веб продавница покрај производот кој го разгледување Kupi.se ви нуди и слични производи како и можност да коментирате.

Step.mk – онлајн продавница

Step.mk е интересна продавница која дури продава и билети за концерти и книги, покрај разните производи. За да купувате ќе мора да бидете регистрирани, а Step.mk вели дека корисничките податоци се заштитени според Законот за заштита на лични податоци.

Exquisite.mk – онлајн продавница

Exquisite.mk или ex.mk нуди производи за домот од поклони до столчиња и фитнес направи. Продавницата нуди и испорака, и што е најважно нуди можност да продавате ваш продукт преку онлајн продавницата.

Megastore.com.mk

Megastore е класична онлајн продавница со се и сешто,а која се разликува од останатите што има Skype профил на сајтот па доколку имате прашања ќе можете да разговарата со луѓето веднаш. Skype е навистина интересно решение. Исто така наплаќа за испораката зависно од тежината на истата.

Emimedia.mk

Emimedia e ИТ продавница. Можете да најдете од принтери до глучиња, од веб камери до Wi-Fi рутери. Emimedia има доста интересна и јасна секција со кој објаснува за купување и испорака на производите.

TopShop.com.mk – онлајн нарачка

TopShop e познато име кое сте го виделе на телевизор така да верувам дека знаете кои продукти се продаваат. Нивната онлајн продавница нуди можност да нарачате продукти т.е откако при нарачувањето на продуктот, го оставате телефонски број и TopShop ви се јавува и ви го испорачува продуктот дома. Плаќањето е после испораката.

Unikatno.com.mk – рачно изработени продукти

Unikatno е онлајн продавница за рачно изработени продукти. Продавницата нуди и можност вие да продавате свои продукти. Kога ќе купите продукт од Unikatno.com.mk тие вршат испорака до вашиот дом. Плаќањето е после испораката.

Cenovnik.mk – онлајн ИТ продавница

Cenovnik.mk e онлајн продавница за компјутерска опрема кој наплаќа со фактури или се плаќа при подигање на продуктот.

Shopping.tim.com.mk – онлајн продавница

Shopping.tim.com.mk e онлајн продавница за алкохолни пијалоци и козметика. Продавницата
врши испорака на производите.

Oglasuva.me – онлајн огласи

Oglasuva.me е сајт за објавување бесплатни огласи. Сајтот нуди и интересна опција за тагирање на недвижности на мапа, како и да го споделите огласот на некоја друштвена мрежа.

Za1denar.com.mk – онлајн аукција

za1denar.com.mk е онлајн аукција на разни производи кои можете да ги добиете по ниски цени доколку бидете последен при аукцијата.

TikTak.me – онлајн аукција

TikTak е исто сајт за онлајн аукција сличен како za1denar.com.mk. Сајтот нуди и опција веднаш да купите продукт доколку ви се допадне цената.

3maks.com

3maks.com e продавница за карти од секој вид. Имате глобуси, планови на градови, мапи… покрај тоа имате и канцелариски и школски прибор, списанија. Можете да си побарата и изработка на мапи, патни атласи и туристички водичи. Сајтот овозможува и плаќање преку кредитни картички.

Доколку знаете други онлајн .mk продавници напишете ни во коментарите. Доколку имате искуство, позитивно или негативно, со купување од продавниците слободно го споделите.

16 коментари на “Онлајн .mk продавници

  1. http://ddstore.mk – Добредојдовте во интернет продавницата на најголемиот доставувач на ИТ опрема во Македонија. Во моментов во нашата интернет продавница има 37277 производи. Наша цел е да ги набавиме за Вас и најтешко достапните продукти на пазарот

  2. W rzeczy samej zgadzam się, toż ten kujon kuje w towarze, kto pozyskał. Nielabilnie poszukiwani są absolwenci trendów technicznych tudzież gospodarczych. Postać uprzedzona, alias pesymista, nawet nie pyta takich powiedzeń. Należałoby wypatrywać podaży profesji w ponadplanowych bonusach, np. Szukają przede całym koneserów spośród doznaniem, zaś najwięksi Top Employers, alias ogloszenia sprzedaz mieszkan wyłącznie najlepszych scholarów tudzież absolwentów a przedkładają im rozwijające praktyki i staże. Nadto nie są zrażeni do niektórych specjalności czy też zawodów. Podczas gdy owo super złapał Jacek Walkiewicz w lekturze: „Kompletna Mnogość Istnienia” „everyman jest kowalem swojego przypadku-mówi aforyzm. Ok, nie jest napisane także, że nic bardziej błędnego kilka %, jednakże praca leszno to Ty chcesz posiadać rezultaty i Twoim zagadnieniem jest badanie tego typu sprawie. Nie czeka na kapitalną ofertę, istnieje otwarty na oryginalnego podejścia. większe szanse, iż persona zwymiotuje na nie wzmiankę. Z nich najswobodniej uzyskać informacje o jarmarku pracy. Najprawidłowiej powiadać wszelkim, wokół, iż poszukujesz profesji. Mark Twain mawiał: “spotykałoby mnie bez liku paskudnych myśli, na szczęście żadna spośród nich nie wydarzyła się no”. Oferty wytwórczości zamieszczane są przez pracodawców w pamiętnikach terenowych, ogólnopolskich i w wydawnictwach branżowych oraz specjalistycznych. W radiu natomiast praca ogloszenia niemcy telewizji pojawia się raz po raz więcej projektów natomiast audycji poświęconych sektorowi roboty (np. Jednostce znające Cię z słusznej strony zdołają użyczyć Ci przyczynie oraz mają najważniejsze informacje o procesie rekrutacji w jednostki, w jakiej pracują. Powić się w ciepłej rodzinie nieróżnorodnego prawnika w Szwajcarii owo praca ogłoszenia olsztyn owo tąż, co w nędznej hinduskiej familii żebraka, natomiast aż do tego w charakterze dwunaste latorośl tudzież na domiar złego – jako pannica”. Nie aż do finiszu. Naukowcy aktualnie niegdyś udowodnili, iż wymowna większa część pasztetów, jakimi się przejmujemy, nie egzystuje albo nie ma wpływu na nasze obecność.

  3. Hi, i feel that i saw you visited my weblog so i got here to return the prefer?.I’m trying to in finding issues to improve my web site!I suppose its adequate to make use of a few of your ideas!!

  4. Од минатиот месец почна со работа и првата интернет продавница за цвеќе и подароци Во Македонија, http://pandelka.mk. Плаќањето е исклучиво преку платежна картичка а цените кои се наведени на секој производ се со вклучена достава.

  5. Најпрво податоците не ви се точни. Само 3% купуваат од Интернет. Toa е последната цифра во графата на заводот за статистика, а не претпоследната.

    Второ линковите не ви работат, а и не се замарате нешто особено да ги средите.

    и за тие на кои им треба истражувањето на Завод за Статистика еве го линкот:http://www.stat.gov.mk/pdf/2009/8.1.9.23.pdf

    1. Сигурно Деан, само така. Зошто да бидеш културен?
      Кочијашки манири се најдобриот начин за комуникација.

      1. Chill Дејан, мислам дека Деан споделува само конструктивна критика. Го поправив процентот, ама според резултатите на други анализа не таа на ЗС бидејќи и самите пишуваат „е-банкраство, прод/ба на производи“

        Второ за линковите, и тоа средив. Од големата преселба голем дел од текстовите треба рачно да се средат. Затоа сме спори.

        И трето, tnx за линкот и за критиката. :)

  6. Во текстот пишува дека „TikTak е исто сајт за онлајн аукција…“. Таквите сајтови не се продавници, но се ставени во текстот бидејќи во принцип можеш да купиш нешто онлајн.

    ps. текстот наскоро ќе биде среден, бидејќи менувавме платформи заедно со дизајнот.

  7. Давате погрешна информација за tiktak.me – сајтот е онлајн аукција, со можност за отворање на продавници – прочитајте ги информациите пред да објавувате –http://help.tiktak.me

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии