Onivo e стартап од Куманово кој нуди лесно фактурирање преку сите уреди

Onivo е стартап од Куманово кој започна да работи од август со конечна цел да го олесни секојдневното работење на македонските компании. Идејата зад Onivo и сервисот за фактури е инспирирана од дедото на основачот Марко Алексиќ, кој работел како финансиски ревизор и секојдневно имал проблеми со софтверските програми, проблеми со принтање и складирање на фактурите. „Дали мора да биде толку тешко да се направи фактура?“, вели Марко, кој го основа Onivo во 2013-та година по завршување на студиите, заедно со Драгана Цветковскаи Владимир Јосифов.

Достапен за сите платформи – декстоп и мобилните уреди – Onivo доаѓа со freemium модел, односно бесплатна е за користење, но за посложени функционалности се плаќа. Месечната претплата е релативно евтина за сите бизниси, и малите и големите. Но, цената не е проблем за Onivo. Предизвикот е како да ги привлечат македонските бизниси, често традиционални и отпорни на иновации. Тие мора да ги убедат бизнисите, кои веќе имаат разработено решенија за фактурирање, да прифатат алтернативно решение. Како да убедите сметководител да си ги смени навиките и да фактурира преку мобилен телефон?

„Точно е дека е тешко, но бизнисите најчесто додаваат непотребна комплексност (и проблеми), како користење на алатки и услуги кои не им се потребни. Ние веруваме дека најголемиот предизвик е да ги натераме бизнисите да излезат од својата комфорт-зона и да го пробаат Onivo, каде ќе имаме можност да покажеме колку работи не мораат да прават за да креираат обична фактура“, вели Марко.

Според Марко, просечен програм за фактурирање кој се користи од македонските компании има 750 функционалности, од кои најчесто се користат само десетина. За разлика од конкурентите, Onivo ги нуди сите тие 10 функционалности и „истите работат 50 пати подобро“. За Марко, тоа е суштината на нивниот „value proposition“.

Onivo е достапен на мобилните уреди, но не како мобилна апликација, туку преку мобилниот прелистувач. Велат дека не сакаат да заглават со апликација која ќе има „непознат“ кориснички интерфејс, но и дека прелистувачите се достапни и искуството е исто на сите уреди. Ова им го потврдиле и неколкуте локални компании со кои започнаа да работат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии