Oni Hunter e невообичаена игра која може бесплатно ја играте од вашиот прелистувач

За време на четириесет и првиот game jam настан Ludum Dare, бројни девелопери се трудеа да осмислат игри кои ќе комбинираат два жанра кои не се компатибилни еден со друг. Една таква игра е и Oni Hunter, 2D наслов во кој се комбинираат загатки и прикрадување во исклучително невообичаена изведба. Имено, успорувате време и цртате патека низ која се движи вашиот меч и ги убива сите непријатели низ нивото. Верувајте нѝ, изгледа многу подобро отколку што звучи, а суптилни гејмплеј механики го прават севкупното искуство незаборавно.

Oni Hunter можете бесплатно да ја играте директно од вашиот прелистувач така што ќе кликнете тука!

Уште во првите неколку минути ќе забележите дека играта е еден вид хибрид помеѓу надалеку-познатите Gunpoint и Mark of the Ninja, но ако на Mark of the Ninja работеше поголем тим за повеќе време, на Oni Hunter работеше тим од само четворица луѓе, а финалниот продукт го понудија за само 48 часа.

Во случај да сакате да проверите кои се други игри настапија на Ludum Dare 41, како You Left Me, или Ball of Duty: Modern Bowlfare, упатете се на itch.io. На располагање имате на 2000 наслови, што е повеќе од доволно за каков било гејминг фикс на брзинка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии