Он.нет.мк со целосен подруштвен редизајн, има и коментари

Што ве натера да направите редизајн?
Ние добри си бевме, само интернетов нешто многу се запна и ептен напред отиде, па моравме и ние по него. Освен редизајнот, треба да се спомне и дека комплетно го променивме CMS-от и веб серверите (сега сме на NGINX + Apache). Во новата верзија на сајтот додадовме и серија можности и опции, кои читателите полека ќе почнат да ги откриваат. Плус, тука е и редизајнот на нашите “странични” сервиси како речник, офлајн календар, веб катапулт, bookbox и слично. Во основа ќе беше глупо да ги правиме промените што ги планиравме а притоа да не смениме се од корен.

Решивме да се пробаме со „опен-сорс.” Меѓу четирите главни кандидати, одлучивме да му дадеме шанса на Друпал и да видиме што може он да ни понуди. Во основа платформата нè ќари на големината на заедницата, понудата на модули и тоа што знаеме луѓе што работат Друпал :).

Новиот сајт е основан на Drupal CMS и е редизајниран врз три дела. Првиот од лево колона е местото за вести, средната колона е место за разните категории како „Web катапулт“, „Набрзина“, игрици… додека последната, најдесна колона ги содржи македонштината и балканштината. Долниот дел е со галерии и вести од други сервиси, jukebox, временска прогноза… Погледнете ја мапата за да ги најдете каде се сите елементи.

Покрај преместените елементи, најприметливо за On.net.mk е истакнување на друштвеното споделување, односно има Facebook и Twitter копчињата на секој текст. На стариот дизајн овие две мрежи беа дел од една Share опција на крај на текстот. Дополнително, On.net.mk се приклучи и на Twitter. Порталот нема страница на Facebook, сега за сега.

Интересна новина е што читателите сега ќе можат да коментираат под текстовите. Во своето долгогодишно работење мислам дека ова е првиот пат кога On.net.mk дозволи коментирање на текстовите.

И коментарите работат. Четворицата хендикепирани | Он.нет http://t.co/IVy2CX4less than a minute ago via TweetDeck

Ова е прв пат On.net.mk да има коментари под текстови?

Коментарите ни беа една од најголемите дилеми. Имаше многу причини зошто да не го направиме тоа, ама имаше и причини за. Тие ќе бидат достапни само за статиите за кои ние ќе ги пуштиме. Целиот систем ќе работи на DISQUS платформата која би требало да ни помогне во решавање на спамот и непосакуваните коментари.

Видов има Twitter профил, а дали ќе има и Facebook страница?

Секој има различен пристап во работата со социјалните мрежи. Ние сметавме дека ако решиме по таа основа да се поврзуваме со публиката дека тоа треба да го направиме поштено, а не само профилот / ФБ страната да ја претвориме во уште еден РСС фид. Идејата на овие мрежи е да се изгради “врска” со корисниците, ние ќе пробаме па ќе видиме каде ќе стигнеме. Фејсбук страницата следува, само претходно малку да ни легне целата работа и да го стабилизираме новиот сајт.

За потсетување еве како изгледаше стариот и долгогодишен Oн.нет.мк:

8 коментари на “Он.нет.мк со целосен подруштвен редизајн, има и коментари

  1. Дизајнот е во ред не јадете многу гомненц* :)
    Нешта што не ми се допаднаа

    1.Во средина колоната изгледа малце чудно.Сигурно сте сакале да биде нешто различно,сепак не е лошо во глобала.

    2.Кога прелистувам новости во категорија,некако многу се стуткани новостите,како да барат простор,но гледам тука функција дека може да ги прикаже секој еден како Thumb.Од кога ке ги покаже,ако стиснам рефреш,се враќа на старото.Најдобро на ова поле да поставите “колаче“ кое ке го запамте чекорот на гостите.

    3.Календарот е супер,но кога ке кликнам лево или десно,сликата за лоадирање се јавува над стрелката.Пиксел Грешка :)

    4.Курсната листа,можам да конвертирам само МКД во ЕВРО.Помеѓу нив се ставени доларот,направете МКД во ДОЛАР исто,со кликање на доларот.

    Тоа е дел од неколку негативни работи кој морате да ги средите.Се надевам дека помогнав со коментарот.
    Поздрав…

  2. Му требаше нов дизајн и то како, али боите дефинитивно ги промашија посебно црната. Заморва при читањето и ред други работи. Се надеваме дека ќе сменат и ќе подобрат дел од боите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии