Омилените апликации на Тwitter корисниците во Македонија

Поаѓајќи од мојата љубопитност за тоа кои се најкористените Twitter апликации oд македонските корисници, решив да спроведам една кратка анкета. Онлајн анкетата се состоеше од четири прашања – две демографски (пол и возраст) и другите две се однесуваа на тоа кои Twitter апликации ги користат и од што најчесто твитаат.

Ова се резултатите добиени од одговорите на 100 Twitter корисници во Македонија:

Најголем број од корисниците, 54 отсто, твитаат преку веб сајтот Twitter.com, но исто така користат и некоја од апликациите наменети за мобилни или паметни телефони. Па така најголем број, 53 oтсто од испитаниците одговорија дека ги користат официјалните Twitter апликации за Android, iPhone, iPad, BlackBerry и Windows phone.

Кога станува збор за користењето на твитер апликации (twitter clients), изборот на бесплатни апликации (десктоп или мобилни) е навистина разновиден. Со цел да издвојам неколку и да ги образложам, замолив некои од твитер корисниците кои одговорија на анкетата, накратко да ги споделат и причините поради кои тие одбрале да користат токму одредени апликации.

@magjov Seesmic не го менувам – прегледен и едноставен за користење. Особено ми се допаѓа мобилната верзија. 4 days ago via Seesmic ·  Reply ·  Retweet ·  Favorite · powered by @socialditto

@magjov Hootsuite дефинитивно, највише ради аналитикс и Show conversation функционалноста 4 days ago via HootSuite ·  Reply ·  Retweet ·  Favorite · powered by @socialditto

@magjov Twicca:брз, прегледен, лесен за менаџирање, персонализирање и споделување преку мобилен, а HootSuite за управување со повеќе акаунти 5 days ago via Saezuri ·  Reply ·  Retweet ·  Favorite · powered by @socialditto

Останати апликации кои беа споменати се: Sprout social, Metro tweet, Digsby, Plume, Tweetcaster, Splitweet, Touchtweet, Snaptu, Plume за Android, Blu и Yoono.

TweetDeck

TweetDeck oд мај 2011 e oфицијален клиент, во сопственост на Twitter Inc., кој од неодамна објави нова верзија TweetDeck 1.2. Оваа апликација е навистина прегледна, овозможувајќи приказ на листи кои ќе ги изберете и истовремено претставува погодна апликација за мониторинг на повеќе Twitter профили.

TweetDeck апликацијата за прелистувачот Google Chrome ја користам веќе долго време, но новата верзија ме разочара. Откако Twitter Inc. ја презема апликацијата, истава добива само негативни оценки од корисниците. За да не објаснувам премногу зошто, би сакала да ви го посочам текстот од Mashable за 5 нешта кои недостигаат во новиот TweetDeck за Chrome.

Echofon

Апликацијава ја има за Windows, Mac, iPhone, iPad и како екстензија за Firefox. Една од главните карактеристики на оваа компактна апликација е тоа што ги синхронизира непрочитаните твитови со вашиот компјутер, iPhone или iPad. Како и да е, апликацијава има голема негативност – тоа што сите бесплатни верзии прикажуваат реклами.

Saezuri

Оваа јапонска апликација, која е достапна за Windows, Mac и Linux е базирана на Adobe Air и има прилично добар дизајн, како и опции за персонализација, односно менување на боите и темите на интерфејсот. Преку неа може да се менаџираат повеќе Twitter профили, лесно се следат разговори, односно @одговарања од корисници. Единствен недостаток е тоа што не нуди преглед на листи.

HootSuite

Оваа веб базирана апликација нуди погодност за следење на различни профили од друштвените медиуми како што се Facebook, LinkedIn, Foursquare, Google+ и нормално Twitter. HootSuite е едноставна и претежно бизнис ориентирана апликација, каде исто како и кај TweetDeck можете да направите распоред на содржина која ќе се твита. Се разликува од останатите по тоа што нуди статистики за вашите твитови, растот на вашите следачи, како и аналитички извештаи, повеќето од кои се плаќаат. И да, ја има за Android, BlackBerry и iPhone.

Seesmic

Апликацијата е достапна како веб и десктоп, но и за Android, iPhone и Windows phone. Мене ми изгледа како солидна замена за сегашниот TweetDeck 1.2 (се надевам дека брзо ќе ги поправат пропустите). Кај Seesmic најмногу ми се допаѓа тоа што го прикажува Klout рангот, информација од кој клиент твитаат профилите што ги следите, како и прегледниот Conversation thread во кој можете да ги следите разговорите.

5 коментари на “Омилените апликации на Тwitter корисниците во Македонија

  1. не,мислев во описот подолу. не знам никој што користи Seesmic, Tweetdeck или Hootsuite на iPhone. на прво место е официјалната Twitter апликација како бесплатна, па Tweetbot. Ова и рејтингот на AppStore го покажува. Се надевам бев јасен и помогнав :)

    1. Те разбрав за тоа, но подетален опис ставив за најкористените апликации (според резултатите). Постот ќе беше предолг да ги објаснам сите… Можеби некој нареден пат :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии