Olympus се збогува со фотоапаратите и камерите

Дејан Соколоски

во Вести

Еден од најпознатите производители на фотоапарати и камери престанува со производство на оваа опрема и се фокусира на медицинска опрема и уреди, јави Wall Street Journal.

Долго време компанијата беше препознатлива по своите фотоапарати. Во еден период дигиталните апарати Olympus според продажбата беа на второ место, веднаш зад Sony.

Сепак промената која ја донесоа паметните телефони го погоди и овој сектор. Најголем дел од купувачите релативно брзо ги заменија фотоапаратите со телефоните, и пазарот се смали, и наеднаш се намали продажбата за сите. Од 3 милијарди годишно продажбата на фотоапарати се намали на 400 милиони за неколку години.

Olympus во меѓувреме се префрли на медицинска опрема, но поради пандемијата значително се намалени приходите и сите сектори забележуваат пад на заработката. Како последица на значителни загуби последнава година акционерите одлучија дека е време да го продадат одделот за дигитални апарати.

Веќе има и заинтересирани за купување на овој оддел од американската компанија. Japan Industrial Partners Inc. е заинтересиран да го купи одделот, а преговорите се во тек.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии