Олимпискиот комитетет претстави сервис кој ги здружува спортистите со фановите

Facebook имаше само 100 милиони корисници кога последен пат се одржа Олимпијадата. Денес, четири години подоцна, работите се сменети и друштвените мрежи владеат со светот. Facebook сега има 800 милиони корисници, а скоро секој атлетичар има свој Twitter профил.

Затоа, за да ги искористи можностите на друштвените мрежи, Интернационалниот олимписки комитет го претстави Olimpic Athletes’ Hub со кој сакаат да ги поврзат атлетичарите и фановите. Hub-от во суштина е пребарувач кој помага да се најдат профилите на омилените ѕвезди, но има и намера да ги здружи спортистите меѓу себе. Најавени се и награди за кориснициите кои учествуваат во интерактивни игри.

Твитовите и постовите од атлетичарите сигурно ќе да дадат уникатна перспектива на Олимпијадата, но сепак тие ќе бидат ограничени. Олимпискиот комитет воведе правила за користење на друштвените мрежи од внатрешноста на официјалните олимписки објекти, велејќи дека не смее да се споделуваат фотографии и видеа. Ова е за да се заштитат правата и брендовите, но и да не се злоупотреби натпреварувањето на некој начин.