Олеснето споделување фотографии со Google Photos

Со неколкуте најнови опции, Google Photos станува значително корисна алатка за поставување и споделување фотографии. Користејќи напредни алгоритми, Google се труди да ги идентификува не само луѓето од фотографиите, туку и локациите кои се наоѓаат во фотографиите кои сте ги поставиле. Ова, заедно со увидот во вашите навики за споделување, му помага на Google да ви предложи кои слики и со кого да ги споделувате во иднина. Опцијата се наоѓа во новиот оддел за препораки (Suggestions), до кој доаѓате преку јазичето за споделување (Sharing). Дури и да не користите Google Photos, сепак ќе можете лесно да ги прегледате фотографиите кои некој би ги споделил со вас.

Втората опција, која особено ни се допадна, е можноста за споделување на вашата колекција од фотографии (Share Your Library). Ваквата услуга, која се наоѓа во горното мени, ви дозволува да внесете и-мејл адреса на лицето со кое сакате да ги споделувате вашите фотографии. Во моментот кога на некого му дозволите пристап до фотографиите, секојпат кога ќе фотографирате нешто ново лицето добива известување дека сте поставиле фотографија, со опции за инстантно прегледување. Дополнително, можете да определите одреден датум од минатото за да можат најблиските да гледаат фотографии од одреден период, како и да одберат одредени фотографии за преземање.

Google Photos функционира директно од прелистувачот, или пак од соодветните апликации за Android, односно iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии