Олеснета работа со .pdf документи со AlterPDF

PDF форматот е одличен за прикажување на каква било направа, независно од оперативниот систем. Флексибилноста на форматот се гледа и во тоа што му дозволува на корисникот да прави бројни работи за зголемување на прегледноста и ефикасноста. Со соодветна алатка, повеќе .pdf документи можете да споите во еден, или еден документ да поделите на повеќе. Друга алатка може да ви помогне да го извлечете текстот и сликите, трета да отсекувате, ротирате или отстранувате содржини, а четврта алатка може да ви помогне да шифрирате, дешифрирате или потпишувате документи. Петта алатка би можела да би помогне да ја менувате метадатата на документите, а со шеста да ги конвертирате .pdf документите во .jpeg форматот, и обратно.

AlterPDF е програм кој го може сето тоа. Најдоброто од сè? Целосно е бесплатен.

Најновата, втора верзија ви дозволува да работите со неколку документи од еднаш, со што добивате на време, и не се мачите со префрлување од еден на друг индивидуален фајл.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии