Околу 38 отсто од македонските граѓани немаат потреба од интернет, ниту знаење како да го користат

Главните причини зошто 38,5 отсто од македонските граѓани никогаш не пристапиле до интернет, ниту имаат пристап дома, се бидејќи не им е потребен и не знаат да го користат, додека други велат дека цената на интернет пакетите и опремата е прескапа. Сепак најновиот извештај на Државниот завод за статистика ни покажувадека како што напредува дигиталното општество така се повеќе македонски домаќинства пристапуваат на интернет. Во првите 3 месеци од 2012 година пристапот до интернет се покачил за 3,3 отсто, во однос на истиот период лани. Податоците покажуваат дека во првите три месеци од 2012 година бројот на жители со интернет пристап изнесува 58,3 отсто.

Речиси идентичен е и порастот на застапеноста на домаќинствата кои користат компјутер, кој изнесува 3 отсто, па сега 64,2 од домаќинствата поседуваат компјутер. Сериозен пораст се забележува кај бројот на корисници со широко појасен интернет, сега 99,6 отсто од домаќинствата кои користат интернет се одлучиле за широкопојасен интернет. Со ова бројот на корисници на интернет е речиси еднаков со корисниците на широко појасен интернет.

Интернет е најзастапен кај учениците и студенти од кои 96,4 отсто користат интернет. Како што е за очекување во урбаната средина е поголем бројот на корисниците на интернет односно 62,9 отсто, додека во руралните средини само 50,8 отсто од жителите користат интернет. Од лицата кои користеле интернет во последните 12 месеци, 32,6 отсто користеле услуги на е-Влада, и тоа за: добивање информации (24,8%), за симнување на официјални формулари (19,7%) од веб-страниците на јавната власт/администрацијата, за испраќање на пополнети формулари до веб-страниците на администрацијата (11,8%).

Разочарувачки се резултатите на истражувањето кои покажуваат дека дури 38,5 отсто од граѓаните никогаш не пристапиле до интернет. Од испитаниците 45,5 отсто одговориле дека немаат потреба од интернет поврзување дома. Уште повеќе разочаруваат 35,4 отсто кои одговориле дека немаат искуство или умешност. Ова мора да биде сигнал за надлежнте дека рекламите за „информатичко општество“ не стигаат до вистинските уши, но исто така и дека треба сериозно да се инвестира во основна обука за користење интернет.

И покрај одличните резултати, за жал Македонија сè уште доцни зад европскиот просек кој за 2011 изнесуваше 68 отсто.

1 коментар на “Околу 38 отсто од македонските граѓани немаат потреба од интернет, ниту знаење како да го користат

  1. Искрено ме изненадија бројкиве. Особено тие за урбаните средини. Јас лично не познавам ни едно семејство без интернет. Претпоставувам тие 30 и кусур проценти се семејствата со финансиски проблеми и домаќинства со постари членови (пензионери). Иако сум свесен за финансиската состојба во државава, сепак бројките се навистина изненадувачки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии