Околу 3.000 возила кои „зборуваат помеѓу себе“ ги поминаа првите тестови

Стотици возила опремени со уреди за меѓусебна комуникација возат по улиците на Ен Арбор, Мичиген. Станува збор за тест фаза на уреди кои кога се поставуваат во возилото ги предупредуваат возачите за опасност во сообраќајот на местата кои се тешко забележливи за возачите. Според податоците кои ги сподели владата на САД, дури 80 проценти од сообраќајните незгоди не се поврзани со конзумирање на алкохол, па токму во овие случаи уредот ќе биде од огромна корист.

„Комуникаторите“ со кои се опремени возилата ќе ги предупредат возачите во случај на oпасност дека ќе дојде до судар со друго возило на раскрсници каде што има пречки во прегледноста, кога друго возило менува лента во нивната „мртва точка“, опасност од судар со возило во задниот дел бидејќи возилото пред него нагло застанало.

Покрај поддршка од властите, проектот е подржан и од голем број автомобилски компании кои ги обезбедија возилата за ова испитување. Помеѓу подржувачите се Ford, General Motors, Honda, Hyundai, Mercedes-Benz, Nissan, Toyota и Volkswagen.

Конкурентни технологии на оваа испитуваат повеќе компании, Bosch тестира ултрасоничен сензор, а Nissan испитува радар кој се монтира на возилата. Сигурно дека имплементирање на било кој од овие системи ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот, останува да видиме кој ќе излезе како победник, но и да се надеваме дека тоа ќе биде уредот кој навистина нуди најголема безбедност.

1 коментар на “Околу 3.000 возила кои „зборуваат помеѓу себе“ ги поминаа првите тестови

  1. Победникот е доста видлив, ако земиме во предвид дека Ford овој систем го развива од поодамна и… немам сигурна информација дали е завршен или во завршна фаза. Но ваков глобален тест мене ми делува како веќе поставен стандард на кој му се вршат финални испитувања. Значи не тврдам ништо, но мислам дека Ford, ако не во сите, барем но неколку модели стандардно ја вградува оваа опрема веќе некое време наназад.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии