Околу 230 милиони луѓе играат игри на Facebook

Facebook објави нова статистика која ни открива дека 235 милиони луѓе играат игри на друштвената мрежа секој месец, што е пораст за 30 милиони од минатата година, и што е околу 1/4 од вкупниот број на корисници кој наскоро ќе достигне една милијарда.

Facebook на GDC Europe откри дека пет од десетте најголемите гејминг студија се од Европа. Тие се Wooga, King.com, Peak Games, Rovio и Social Point, што е напредок за европјаните бидејќи лани само еден од овие студија беше на листата на топ 10 на која сè уште на прво место е Zynga чии игри привлекоа околу 300 милиони корисници.

Дополнително 150 милиони луѓе месечно го посетуваат новата продавница за апликации, App Center. Скоро 35 отсто од тие корисници кои инсталирале апликација се враќале наредниот ден да ја играат играта.

Но, тоа што е интересно со App Center е што оваа продавница генерира дополнителен сообраќај кон апликации и игри на iTunes и Google Play. Само во јули, Facebook ги испратил корисниците околу 170 милиони пати кон продавниците на Applе и Google, преку линкови кои се појавуваат кога пријателите играат игри на мрежата.

„Сакаме да генерираме иста количина на сообраќај кон мобилните уреди, како што го правиме тоа на веб. Многу програмери на игри забележуваат дека луѓето кои се логираат на мобилните апликации преку Facebook се поактивни и трошат повеќе пари.“, вели Мет Вајдов од Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии