Околу 12 милиони луѓе ја гледаа Олимпијадата преку мобилен уред, вели BBC

Годинешниве Олимписки игри поставија нови стандарди за тоа како ќе се врши преносот на спортски настани во иднина. Од стримање на речиси сите настани во живо преку веб и мобилни уреди, до апликации кои ви помагаат да ги следите содржините кои ве интересираат и интеграција со друштвените мрежи.

Тоа што е нов тренд од овие игри е што скоро 12 милиони британци ги следеа игрите преку мобилни платформи, односно таблет компјутери и паметни телефони, ни открива BBC. Од 12-те милиони корисници, 9,2 милиони пристапиле од телефони, а 2,3 милиони од таблет комјутери. Интересно, вели BBC, користењето на таблет компјутерите се забележува во вечерните часови кога корисниците го користат уредот како втор монитор, покрај телевизорот, или пак додека се во кревет.

Покрај ова, BBC објави дека забележале и рекордна посета на својата веб страна за спортски настани.  Во објавата обелодинија дека бројот на пристапи на корисници надвор од Британија се зголемил два пати, од 5 на 10,5 милиони корисници. Страната посветена на Олимпијадата привлекуваше 1,5 милиони посетители дневно и со тоа двојно ги надмина посетите на Светското првенство во фудбал 2010.

Од друга страна на Атлантикот, телевизиската мрежа NBC која ги има правата за пренос на ОИ за САД објави дека речиси половина од стримовите ги праќале на мобилни платформи, односно околу 4,6 милиони луѓе ги гледале натпреварите преку мобилните уреди. Секако, тоа е мала бројка споредено со 64-те милиони американци кои гледале стримови од игрите, но сепак е импресивна.

Болт руши Twitter рекорди

Секако дека друштвените мрежи одиграа една од клучните улоги за следење на Олимпијадата преку мобилни уреди. Преку нив корисниците дознаваа за настаните, и лесно се префрлуваа на страните со стримови во живо за да ги проследат, без врска каде и да се наоѓаат во моментот.

Twitter објави своја статистика која ни открива дека во 16-те дена додека траеја игрите, се забележани 160 милиони твитови врзани за Олимпијадата, а Усеин Болт успеа да сруши уште еден рекорд. По победата на трката на 200 метри инспирираше 80.000 твитови во минута. Неговата победа на 100м е најдискутирана и на Facebook, но и втора на Тwitter со 74.000 твитови во минута. Еве ги најпопуларните спортисти за кои најмногу се зборуваше на Twitter.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии