OKCupid користи математичка формула за да го најде совршениот партнер преку Интернет

Денес е Св. Валентин, па можеби е прикладно да обрнеме внимание на науката околу наоѓање партнер преку Интернет. Да, партнер не се наоѓа толку лесно, туку е потребна наука! Или поточно математичка формула, вели OKCupid, еден од најголемите сајтови за наоѓање партнери на интернет кој има околу еден милион посетители месечно.

Основачот на сајтот Кристијан Рудер во видеото на TEDEducation објаснува како сајтот користи алгоритам за да ги спои интересите на луѓето и да им предложи „совршен“ партнер. Најтешкиот дел со алгоритмот е да се „земе нешто мистериозно како човечката привлечност, да се подели на компоненти со кои компјутерот може да работи.“

[youtube]m9PiPlRuy6E[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии