OK, Google проектот на Кристијан Ристовски е меѓу најпопуларните на Product Hunt

OK, Google е команда што го стартува говорниот асистент Google Now на Аndroid и iOS, но ако не знаете како да му се обратите правилно на асистентот, ќе добиете конфузни одговори и гневни ќе се впуштите во караница со робот.

Но, веб девелоперот Кристијан Ристовски направи интересно решение што ќе им помогне на сите развивачи правилно да го користат асистентот. Кристијан објави OК, Google листа со над 150 команди кои ги користи говорниот асистент на Google. „Изреволтиран од тоа што постојано се објавуваат нови „комплетни листи на Google Now команди“, се решив да го стартувам овој проект. По неколку дена најдов долга листа на 150 команди со над 1.000+ варијации. Ќе се обидам да ја полнам со нови опции, и во втората верзија ќе додадам опција за заедницата да придонесе“, вели Кристијан.

Таа листа во моментов е најпопуларниот проект со над 200 upvotes на Product Hunt, заедница на ИТ професионалци кои споделуваат свои проекти. Oсвен креативната анимација пред да влезете на сајтот, која доби пофалби од заедницата, на сајтот ќе ги најдете скоро сите команди од стартување на апликации, команди за преводи, дури и говорните команди за претставување на спортските резултати. Можеби следниот проект ќе бидат гласовните команди на Siri?

okgoogle1

2 коментари на “OK, Google проектот на Кристијан Ристовски е меѓу најпопуларните на Product Hunt

  1. Во понеделникот Embed Social од МК, денес Кристијан, ептен убави работи се изложуваат! А не го знам Кристијан ни Squads, така да ептен е супер промоција и локално!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии