Огромни распродажби на игри низ сите фронтови

Бројните продавници на дигитални игри решија да го одбележат денот на вљубените и Кинеската Нова Година со бројни попусти до 90%. Во продолжение ги разгледуваме најпознатите продавници и нивните најпопуларни форми на попусти.

Steam навлезе во Кинеската Нова Година на големата врата и нуди длабоки попусти на илјадници игри, но само до 19.февруари. The Witcher 3 и понатаму тврдоглаво одбива подлабоки попусти од 60%, но верувајте нѝ кога велиме дека вреди секое евро за Game of the Year едицијата. За исти пари, би можеле да ја зграпчите и критички-признаената Hellblade: Senua’s Sacrifice, или пак Watch_Dogs® 2. За двојно помалку пари, не пропуштајте ја можноста да ја првата Divinity: Original Sin, уникатната Pyre, или можеби сендбокс симулацијата Planet Coaster. Од уште поевтини игри, не би погрешиле доколку би ѝ пружиле шанса на првата Life is Strange, трогателната This War of Mine, или пак феноменалната симулација со камиони/ шлепери Euro Truck Simulator 2. ММО играта, Black Desert Online се продава за 5 евра, но имајте во предвид дека студиото засилува со P2W механики, а Left4Dead 2, како и Portal 2 се продаваат за скромни 2 евра. Tomb Raider играта од 2013, пак, се продава со 85% попуст и тоа за само 3 евра.

Листата со игрите кои би сакале да ги имате, wishlist, е подобрена и дефинитивно проверете што се би можеле да си зграпчите од новиот преглед.

GOG ќе проба да ги привлече гејмерите со подеднакво длабоки попусти на DRM-Free наслови се до 20.февруари. За разлика од Steam, GOG организира и уште по-кратки распродажби на десетици игри, така да не е лошо почесто да го посетувате сајтот. The Witcher 3 тука се продава за 20 долари, што е поевтино од Steam, каде цената е 20 евра. Иста е ситуацијата и со Hellblade Senua, како и ред други игри, така да, кога вака се поклопуваат коцките, ние секогаш одиме со GOG затоа што не само што излегуваат игрите поевтини поради неусогласеноста со валутите туку и со тоа што добиваме копии кои навистина се наши и можеме да ги инсталираме на онолку направи колку што сакаме и како што сакаме.

Не заборавајте да го посетите и GOG Connect каде што можете бесплатно да добиете DRM-Free верзии на 11 игри, под услов истите да ги имате претходно-купено на Steam.

GreenManGaming организира нивна Year of the Dog распродажба каде на повеќето игри на попуст можете на вметнете дополнителен попуст од 18% преку користење на купонот WOOF18. Дополнително, продавницата нуди 40% попуст на Destiny 2, но имајте во предвид дека последователната експанзија значително ја подобрува играта, а и студиото делува фокусирано на молзење дополнителни пари преку микро трансакции.

Fanatical продавницата, претходно позната под името BundleStars ви нуди бројни пакети од игри или длабоки попусти на индивидуални наслови. Моментно, можете да најдете наслови на попуст кои ги нема на другите места, а и помага тоа што можете да искористите код за дополнителен попуст од 8%, како и тоа што цените се во долари (кодот е LUNAR8). Planescape: Torment: Enhanced Edition e најевтина тука, како и бројни наслови на Bethesda. Сите кодови се за Steam.

GamersGate си слави годишнина со попусти на најразлични игри, а нивната понуда не се премногу разликува од конкуренцијата. За целосна листа кликнете тука. Мало потсетување дека многу активности преку продавницата, како оценување и пишување рецензии за купените игри ве наградува со нивна посебна валута која ја користите за купување други игри.

На некое друго место, и Ubisoft организира скромна распродажба со уште поскромни попусти на повеќето нивни игри. Square Enix издавачот, меѓутоа, има значително поевтини игри на понуда, а доколку сте по нешто поевтина Dying Light, упатете се на сајтот на студиото кое е задолжено за играта – Gemly. На сајтот ќе најдете попусти и за одредени други игри. Интересно е тоа што Origin некако го прескокнува сево ова и единствено нешто што нуди е Dead Space. За крај, свратете и до Humble Bundle. Покрај интересни пакети од игри, книги и стрипови, ќе наидете и на две распродажби, Едната се фокусира на боречки игри, а другата на игри за денот на вљубените.

Пријатен шопинг! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии