Огромни подароци за сите сопственици на The Elder Scrolls: Summerset

Мартин Јованчевски

во Вести, гејминг

Од вчера, сите сопственици на The Elder Scrolls: Summerset ја имаат екслузивната можност да добијат милениче, животно за јавање, и огромна вила која можете да ја уредувате како сакате. Низ годините, тимот често знаел да ги почести гејмерите со милениче, или животно за јавање, но подарување куќа никогаш не се случило. Таквото нешто беше резервирано само за оние кои беа спремни да издвојат огромна сума круни – дигиталната валута која се добива со претплата или се купува со вистински пари. Овој пат, од 20.септември до 28.септември, сите сопственици на The Elder Scrolls: Summerset ќе треба да се заложат да добијат едно достигнување.

Имено, сите играчи треба да го истражуваат островот и да посетат 10 уникатни локации. Доколку 33% ги посетат локациите и го добијат достигнувањето Summerset Pathfinder Achievement тогаш сите играчи кои ја имаат експанзијата Summerset ќе го добијат миленичето. На 66%, сите сопственици на експанзијата го добиваат и мистичното животно за јавање, а на 100% сите ја добиваат вилата. Овие подароци ќе ги добијат и оние кои нема да го добијат достигнувањето, но ја имаат експанзијата. Напредувањето може да се провери на следнава страна. Сега за сега, се наоѓаме на 35% и единствената работа која е отклучена е миленичето. Во меѓувреме, ММО играта и експанзиите се продаваат со попусти до 50%.

The Elder Scrolls: Summerset излезе летово и успеа да не пресели на долго-посакувана територија, со нова приказна, непријатели, оружја, опрема, и многу повеќе. Од тогаш, излезе едно DLC со две зандани, а, на есен, се очекува уште едно DLC кое ќе биде со нова приказна и целосно бесплатно, доколку се најавувате во играта секој ден, цел месец. Со излегувањето на оваа DLC, се најавија и подобри бенефиции за сите претплатници, како повеќе круни, бесплатни или поевтини работи од продавницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии