Студентска пракса за PHP програмери

New Media Corp.

New Media Corp.

Компанијата за развој на софтверски решенија Њу Медиа Корп објавува оглас за платена пракса за студенти запишани на смерови од ИТ областа. Праксата се однесува на позицијата PHP програмер и ќе се одвива во канцелариите на компанијата во строгиот центар на Скопје.

Потребни квалификации:
– Студентот да е во завршна година на ИТ студии
– Основно познавање на PHP програмскиот јазик
– Основно познавање на HTML/CSS/Javascript
– Минимум еден самостојно изработен PHP проект во текот на студиите (пожелно е кодот да е open source – достапен јавно на GitHub)
– Познавање на Linux, Git, Larаvel Framework, Bootstrap ќе се смета за предност

Што нудиме?
– Работа во пријатна и динамична атмосфера со професионален и амбициозен тим од млади луѓе
– Постојано надоградување на знаењето преку платени курсеви и менторство
– Можност за практикантот да го усовршува своето знаење преку работа на реални проекти

Времетраењето на праксата ќе изнесува 3 месеци, а зависно од покажаните резултати по завршувањето на истата практикантот ќе добие можност за постојано вработување.

Паричниот надоместок изнесува 100 ЕУР/месечно.
Вашето CV испратете го на следниот e-mail: jobs@nmc.com.mk со назнака: Студентска пракса за PHP програмер.

За да аплицирате на овој оглас испратете ги вашите податоци или CV на jobs@nmc.com.mk

Аплицирај преку сервисите: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook