Стручен соработник за имплементација и одржување на софтверски решенија

ИНБОХ ДООЕЛ Скопје

ИНБОХ ДООЕЛ Скопје

Инбох ДООЕЛ Скопје, најуспешниот професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, поради зголемен обем на работа и организациска комплексност има потреба од вработување на:

 

Стручен соработник за имплементација и одржување на софтверски решенија ( СС/01-2018)

Сектор: Информатичка технологија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– ВСС, Акредитирани високообразовни институции во РМ;

(Електротехника, информатика, математика или други сродни насоки)
– најмалку 2 години работно искуство во областа на информационата технологија

– Добро познавање на информационата технологија,

– Microsoft сертификати – Познавање на основните методи и техники за програмирање и организација и моделирање на податоци
– Напредно познавање и искуство во одредени технологии за програмирање,

– Комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони делови вокомпанијата, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост.

Опис на работно место/одговорности:

·         Основна цел е имплементација на софтверски решенија кои ги исполнуваат барањата на компанијата и корисниците во договорените рокови, односно правилно функционирање на постоечките апликативни решенија и решавање на евентуални проблеми во работењето без нарушување на бизнис процесите;

·         Ги анализира барањата за промени во апликацијата и ги обезбедува потребните влезни податоци;

·         Им помага на корисниците во совладување на оперативни информатички проблеми (како второ ниво на поддршка после ИТ хелп деск);

·         Активно учествува во изработка на плановите за развој на барањата за промена на апликативните решенија

·          Го спроведува развојот на барањата за прилагодување на функционалностите во апликативните решенија и следење на нивната реализација во рамки на информациониот систем;

·         Одржување на софтвер: следење на работата и мониторинг на системот, промени во софтверот согласно дефинираните стандарди, потреби и утврдени недостатоци, фабричко тестирање и корекција на грешки откриени во текот на фабричкото или корисничкото тестирање;

·         Спроведување на процеси и процедури поврзани со процесот на тестирање на развиените софтверски решенија;

·         Изработка на концептот и сценарија за тестирање, организација, координација и реализација на тестирањата;

·         Активно истражува и предлага примена на нови технологии / решенија во својот домен на работа, учествува во планирањето и изработката на стандардите за програмирање;

·         Ги анализира постоечките процеси од доменот на сопствената одговорност и дава предлози за редизајн / оптимизација на процесите и апликациите во соработка со сопствениците на процесите;

 

Стручен соработник за имплементација и одржување на софтверски решенија одговара дирекно на Генералниот директор.

Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 25 јули 2018 година, со назнака на огласот за кој аплицирате и шифра на истиот во насловот на пораката, во спротивно нема да биде разгледуван.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.

 

 

Инбох ДООЕЛ Скопје бара кандидати за горенаведените позиции. Инбох ќе изврши избор на кандидат во рок од 3 месеци од завршувањето на рокот за пријавување на овој оглас.

 

За да аплицирате на овој оглас испратете ги вашите податоци или CV на jobs@inbox.com.mk

Аплицирај преку сервисите: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook