Отворена работна позиција: Административно-Оперативен асистент

  • вработување
  • Било каде
Асоцијација за е-трговија на Македонија

Асоцијација за е-трговија на Македонија

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е првата и единствена асоцијација во земјава чија мисија е да ја креира иднината на е-трговијата во Македонија. Целите на АЕТМ се да да ги поддржи интересите на компаниите, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. За помалку од една година постоење асоцијацијата успеа да ја придобие довербата од над 40 компании и организации кои се нејзини членки и поддржувачи.

Прочитај повеќе за нашата работа и активности во објавениот полугодишен извештај.

Бараме некој со пасија за е-трговија и желба за работа кој е спремен да се впушти и посвети кон реализирање на целите и менување на индустријата заедно со нас. Ако ова ти звучи возбудливо сакаме да те запознаеме.

Во што се состои работата:

  • Активно учество во работењето на асоцијацијата
  • Истражување, учење и пишување на проектни апликаци
  • Работење на проекти кои ќе ги спроведува асоцијацијата
  • Одржување на постојан контакт и редовно известување на членовите за тековните активности
  • Креирање и поставување на содржини за социјални медиуми на АЕТМ
  • Пишување на блог постови за актуелни теми поврзани со е-трговијата
  • Подготовка на програми и учество во организација на обуки и настани
  • Подготовка на документи за работење на асоцијацијата за разни цели
  • Уредно водење на документација и администрирање на документи

Што бараме:

  • Желба за наградување и учење во полето на е-трговија
  • Превземање одговорност, иницијатива и проактивност
  • Позитивен тимски дух и енергија
  • Адаптибилност на промени, желба за учење и личен напредок
  • Почитување на рокови/deadlines
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

Се смета за предност:

  • Претходно искуство во работа со асоцијации и здруженија
  • Познавање на правна и законска регулатива од областа на здруженија/асоцијации
  • Oсновни познавања на Photoshop или друга алатка за основно едитирање на фотографии)

Што нудиме:

  • Солидна компензација + можност за хонорар од проекти
  • Отворена работна средина за напредок и опкружување од одличен тим
  • Менторирање и учење
  • Работа во општествено одговорна асоцијација и залагање за промени кон подобро
  • Иницирање и реализирање на нови идеи и проекти со целосно водство
  • Можност за развивање на нови skills & competencies
  • Креативна и динаминча работна средина во која се охрабрува проактивност
  • Фер однос и мотивирачки систем на наградување каде напорната и квалитетна работа е препознаена

Како да аплицираш? Испрати ни го следното на raboti@ecommercе.mk

  • CV и мотивациско писмо
  • Tекст (блог пост) на релевантна/актуелна тема за е-трговија по твој избор

За да аплицирате на овој оглас испратете ги вашите податоци или CV на raboti@ecommerce.mk

Аплицирај преку сервисите: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook