Официјално, Apple ги покани медиумите на настан на 7. септември

За следната недела Apple најави настан на кој најверојатно ќе ја претстави следната верзија на iPhone. Најавата за настанот е од минатиот месец, но со поканите до медиумите сега е и официјална.

Без сомневање телефоните нема да бидат единствени на оваа презентација, а освен уреди, Apple презентира и нови верзии на оперативните системи. Со оглед на начинот на кој Apple ги „храни“ медиумите, новиот телефон не е тајна; а веќе се достапни и слики од уредот. Веќе се појавија и првите неофицијални информации за хардверот, но за поточни информации ќе причекаме до следната недела.

Според првите информации iPhone 7 доаѓа со:

  • 4.7-инчен дисплеј со резолуција 750х1334
  • A10 и M10 процесори
  • 2GB LPDDR4 RAM
  • 1960 mAh батерија
  • и 12 MP, 1/2.6-инчен сензор, F/1.9, 1:3 микрон пиксели

Сличен и хардверот на iPhone 7 Plus:

  • 5.5-инчен 1080х1920 екран
  • A10 и M10 процесори
  • 3GB LPDDR4 RAM
  • 2910 mAh батерија
  • и идентична камера

Податоците ги сподели Next Web, со интересна напомена дека најголема разлика со претходникот е камерата. Веќе се појавија и првите слики од телефонот, а колку од овие податоци се точни ќе дознаеме наскоро.

Image Business Insider

Image Business Insider

Освен телефон, Apple на настаните наесен вообичаено презентира хардвер, па во фокусот би можеле да бидат: нова верзија на часовникот, Macbook, таблет компјутери и слично.

1 коментар на “Официјално, Apple ги покани медиумите на настан на 7. септември

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии