Официјално достапна финалната верзија на Firefox 4 за симнување

Досега прелистувачот е симнат над 530.000 пати, според интерактивната мапа на Mozilla која се обновува постојано. Firefox користат околу 30% од корисниците ширум светот, па оваа бројка сигурно ќе продолжи да се качува.

Во оваа нова верзија, Mozilla се фалат осовено со брзината, велејќи дека Firefox 4 е шест пати побрз од Firefox 3.6. Исто така, може да се каже дека и една од клучните подобрувања е новиот поубав и пофункционален дизајн, како и зголемените опции за сигурност и поддржувањето на новите веб стандарди, заедно со нови опции како Sync и Panorama. Детален опис може да видите овде.

Сепак, иако Firefox 4 е нов и подобрен прелистувач, на почетокот има еден незгоден пропуст.

Инсталирав Firefox 4 и ми напрај disable на пола add-ons поради некомпатибилност. Браос!less than a minute ago via Echofon

6 коментари на “Официјално достапна финалната верзија на Firefox 4 за симнување

  1. Оф мори мајко мила, ако интерфејсот на Firefox 4 е полесен и дизајнот е подобар од 3.6 ја си сечам половиот орган со извинување

  2. Пффф пропуст! Па нормално дека ќе ти ги дисејблира, почекај нека излезат упдејти за да се компатабилни со 4ка.

  3. Па пропуст не би рекол дека е, најнормално е да некои автори им треба време да си ги апдејтуваат додатоците за новата верзија (иако има веќе доста долго време BETA). Сепак ако некој не му се чека, тука е Addon Compatibility Reporter – додаток кој ќе ви дозволи да инсталирате додатоци без разлика на верзијата на Firefox за која што се наменети :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии