Office 365 ќе ги има истите алатки како и десктоп верзијата, Word, Excell, ќе ги има и SharePoint Online, Exchange, Microsoft Lync, но ќе биде и веб верзија на алатктите што значи ќе се отвори можност за колаборација на документи преку Веб во реално време, како и полесно споделување на истите документи на друштвените мрежи или со соработниците. Ќе има и инстант чет, имејл, онлајн состаноци и јавни веб сајтови.

Стартуван е и Office 365 Marketplace, пазар за продавање бизнис апликации и сервиси од Microsoft партнерите.

Ќе има два пакета, за мали бизниси до 25 луѓе со цена од 6 долари месечно за корисник, и пакет за поголеми бизниси почнувајќи од 10 долари месечно до 27 долари месечно по корисник, зависно од кои алатки ќе се користат.

Во меѓувреме бетата ќе остане бесплатна.

[youtube]LMupvu0GS84[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии