Office 365 наскоро ќе биде достапен во Македонија

Oнлајн сервисот на Microsoft кој е скратена верзија на Office пакетот наскоро ќе биде достапна и за македонските бизниси, најави Microsoft Македонија. Office 365 доаѓа со Word, Excell, SharePoint Online, Microsoft Exchange Online и Microsoft Lync Online. Сите сервиси се на „облакот“, односно на интернет и ќе овозможат колаборативно едитирање на документи. Во суштина Office 365 е конкурент на Zoho и Google Apps.

Сервисот е претежно наменет за бизниси кои ќе мора да платат по 6 долари месечно по корисник, или околу 290 денари по корисник, максимално може да се регистрираат 50 корисници. Големите компании и владините институции ќе треба да платат од 2 долари месечно за корисник со основен имејл до 20 долари по корисник. Дополнително Microsoft ќе им го продава и Office Professional Plus по цена од 24 долари по корисник. Office 365 ќе биде достапен и за образовните институции. Повеќе детали за тоа тука.

[youtube]7SGp9pA9cAY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии