Одржан првиот комбиниран настан во еспорт и спорт

Македонската еспорт федерација и Град Скопје го организираа првиот комбиниран настан во еспорт и спорт. Настанот под мотото „Еспорт и спорт“ е прв ваков настан во регионот. Првото место го освои Иван Иванов во финале со Давид Гаревски со резултат во мечеви 3:0. Третото место го освои Ташко Илиев со победа од 3:0 во мечот против Јакуп Максути.

Натпреварувачите, покрај во еспорт, се натпреваруваа и во пинг понг и серва. Настанот покажа дека најуспешните во еспортот, се активни и во физичките спортови, што беше главната цел на овој проект.

Во организацијата се преземени сите активни мерки на Министерството за здравство за заштита од ширење на Ковид-19. Натпреварите се одржаа во спортската сала Борис Трајковски.

Дел од настанот беше квалификацискиот турнир во PES2020 за учество на Светското еспорт првенство во Еилат, Израел. Настанот се одржа во еспорт клубот Арена. Натпреварите се одиграа без публика, но беше овозможено онлајн следење на твич канал на Еспорт федерацијата.

Тројцата победници, Иванов, Гаревски и Илиев заминаа со пехар како потсетник за нивните победи, а Иванов оваа година ќе ја претставува Македонија на Светското еспорт првенство во Израел.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии