Oдобрено е: Vip и One ќе се спојат во најголемиот македонски оператор

Комисија за заштита на конкуренцијата го одобри спојувањето на Vip и One кои заедно ќе станат најголем оператор во Македонија, со над 51 отсто, или заедно над 715.000 корисници. Покрај мобилната технологија, двата оператори ќе понудат и фиксни и телевизиски услуги, иако засега нема детали како ќе ги изведат услугите. One го има Boom TV, а Vip неодамна го купи Blizoo.

Најавено е дека двата оператори ќе се спојат во еден ентитет – one.Vip. Aвстрискиот Telekom Austria Group, сопственик на Vip, ќе задржи 55 отсто од уделот, и со тоа ќе има контрола од новиот ентитет, додека останатитe 45 отсто се на Telekom Slovenije Group, сопственик на One. Комплетирањето на трансакциите ќе биде завршено во четвртиот квартал на 2015-та, се вели во соопштението.

Спојувањето на двата македонски оператори кои беа лути ривали во последниве години дојде како изненадување за многумина. Но, во светот постои тренд на консолидација на оператори кои можат заедно да понудат покомплетни пакети на услуги. Покрај бизнис логиката да се здружат приходите и заеднички да се инвестира во скапата инфраструктура, друга логика е што заедно операторите ќе одговорат на барањето на корисниците кои сакаат да купуваат цели пакети. До пред само една година Vip беше само мобилен оператор, а од неодамна започна со помош на Blizoo да нуди и „комбо“ услуги што вклучуваат телевизија, интернет и телефонија.

Но, од друга страна, спојувањето на One и на Vip значи дека ќе има помалку конкуренција на македонскиот пазар. Ако двете компании се натпреваруваа меѓу себе со поевтинување на услуги и нудење повеќе; сега ќе се натпреваруваат само со Македонски Телеком. Телеком традиционално е најскапиот од трите оператори, и тешко дека ќе отстапи од своите цени. Ова би му дало шанса на новиот one.Vip да си ги изедначи цените со Телеком бидејќи нема конкуренција.

Сепак Комисијата побара од новиот оператор да гарантира да не ги менува тековните цени, но и да обезбеди трет оператор во најскоро време. One.Vip ќе може да нуди инфраструктура за виртуелни мобилни оператори, но имаше веќе два обида кои завршија неславно – првиот WTI не ни стартуваше, а вториот Albafonе се затвори само по неколку месеци работа.

3 коментари на “Oдобрено е: Vip и One ќе се спојат во најголемиот македонски оператор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии