Одобрени се првите 3Д-испринтани лекови

Американската агенција за храна и лекови (FDA) ја издаде првата дозвола за лекарства креирани со 3Д принтер. Лекот против напади предизвикани од епилепсија, Spritam, на Aprecia Pharmaceuticals е првото апче отпечатено со ваков уред кое ќе се издава на пациенти, јави BBC.

Предноста при принтањето на лекарствата е што се овозможува поглема прецизност, а поради ова лекарствата може да се пакуваат во помали дози. Aprecia Pharmaceuticals е развивач и на ZipDose технологијата која овозможува полесно голтање на поголемите апчиња. Освен формата нема неикаква разлика помеѓу стандардните апчиња и отпечатените, како во делувањето така и во начинот на употреба. Новата технологија ќе овозможи и креирање на персонализирана терапија за секој пациент одделно, без дополнителни трошоци.

„Последниве 50 години произведуваме таблети во фабрики и им ги испраќаме на болниците, за прв пат со овој процес таблетите може да се произведат многу поблиску до пациентите“, вели др. Мохамед Албед Алхан за BBC. Spiritam ќе започне да се произведува на почетокот на 2016 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии