ICAAN ги одобри интернационалните домени

Се поизвесно е дека ICANN, организацијата која е задолжена за давање имиња и броеви на интернет адресите, ќе воведе кирилични и други не-латински домени. Моментално ICANN одржува состанок во Сеул и според англискиот Daily Mirror, ќе го прифати предлогот најдоцна до петок.
 
„Има 1.6 милијарди интернет корисници ширум светот, а повеќето од нив користат јазици кои имаат скрипти што не се базирани на латинското писмо.“ рече Род Бекстром, претседателот на ICANN на отварањето на конференцијата во Сеул.

Предлогот за интернационални домени е одобрен во 2008 година, а тестирањата на системот трае повеќе години. Предлогот е објаснет како најголемата техничка промена на интернетот во целото негово 40 годишно постоење. Тоа што е потребно за да работи системот е да се промени Domain Name System кој ќе може да ги преведува имињата на домените во IP адреси препознатливи за компјутерите.

Доколку се одобри овој предлог, кириличните и други не-латински домени ќе бидат достапни од средина на 2010 година.

„Интернационалните домени ќе му овозможат на моето општество да комуницира подобро.“ вели министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Надополнето 30.10.2009:

ICANN одобри воведување на интернационални домени. За почеток интернационалните домени ќе можат да се користат од државите.Пример како ќе функционираат интернационалните домени: доменот ‘kirilica’ заедно со суфиксот ‘.mk’ ќе стане ‘кирилица.мк’. Другите топ-левел домени како ‘.com, .org, .net’ нема да можат да бидат интернационални домени барем за уште некоја година.

„Ова е само првиот чекор, но е од огромна важност и е историски чекор кон интернационализирање на интернетот.“ вели Род Бeкстроm, претседателот на ICANN

Со интернационалните домени ќе се изработи и начин како компјутерот да ги чита буквите и да ги претвара во IP адреси. Сега е можно да се има ‘кирилица.com‘ домен, но мора да се регистрира ‘http://xn--80apaahi7a3c.com’. Најверојатно во блиска иднина ова ќе биде средено.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии