Одобрена лиценцата за TEDxSkopje

„Идејата е да видиме дали во Македонија може да се пронајде и презентира поинаков начин на размислување. Мотото на TED е идеи вредни за споделување. Сакаме да видиме дали имаме такви идеи тука.“ вели Новица Наков, еден од организаторите на TEDxSkopje.

„Во текот на летото постојано сме во контакт со потенцијални говорници за да можеме да го исполниме планот да го организираме TEDx – значи независно организиран настан – некаде на есен. “ вели тој додавајќи дека секој што има предлог за говорник може да го предложи преку оваа форма.

TEDxSkopje е проект на повеќе организатори, резултат на соединувањанe на повеќе групи на луѓе кои некако во ист период почнале да размислуваат за идејата да се направи ваков настан во Скопје.

„Успеавме да се споиме и сега работиме заедно.“ вели Новица.

Контакт со организаторите и повеќе информации за TEDxSkopje ќе најдете на следнава Google група.

Стартуваа и TEDxSkopje Тwitter и Facebook профилите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии