Одличниот A1 Game Fest 2019 покажа дека се потребни повеќе вакви настани!

Викендов се одржа најголемиот (и за жал единствениот) гејмининг настан во Македонија, A1 Game Fest 2019. Настанот се одржа во просторот на киното Cineplexx и илјадници гејмери и љубители на видеоигрите прошетаа и имаа можност да се подружат и да бидат со свои истомисленици. Просторот околу киното и кино салите беше претесен за љубителите на гејмингот, кои без сомневање би сакале да има повеќе вакви настани.

На настанот се одржаа куп турнири во најпопуларните игри. CS:GO, DOTA 2, Hearthstone, Fortnite, Tekken 7, Fifa20 и Clash Royale. Но забавата не заврши на ова имаше куп награди за посетителите и оваа година повторни имаше избор на најдобра маска (cosplay). Дополнително на секое ќоше имаше простор за најразлична забава од друштвени игри, до ретро катче.

Организацијата на настанот беше одлична, а интересот и оваа и минатата година само покажува дека можеби организаторите можат да бидат и малку похрабри во организација на овие настани. Следниот настан можеби би имал простор за повеќе посетители, а секако ќе биде потребно да се пронајде и начин на кој ќе може да учествуваат повеќе натпреварувачи.

Спонзори на A1 Game Fest се А1 Македонија, а дел од настанот беа и GG.MK.

А еве ги и победниците на натпреварите:

Clash Royale

  • 🏆🥇 Антонио Гоцевски
  • 🥈 Дамјан Крстев
  • 🥉 Стефан Таневски

Hearthstone

  • 🥇 Никола Ивановски
  • 🥈 Илија Андреевски
  • 🥉 Катерина Колчаковска

FIFA20

  • 🥇 La Senyera
  • 🥈 Kopaci
  • 🥉 Pecurki

CSGO

  • 🏆🥇 CyberStruga
  • 🥈 Mischievous
  • 🥉 Vicious Adikta

Tekken 7

  • 🥇 Симеон Двојаков
  • 🥈 Симон Мирчевски
  • 🥉 Дино Шамбар

DOTA 2

  • 🏆🥇 Mystique
  • 🥈 Ghost stories
  • 🥉 Телетабиси

Fortnite

  • 🥇 Даниел Србиновски
  • 🥈 Карло Крстевски
  • 🥉 Лука Пислевиќ

Cosplay натпревар

  • 🥇 Петар Ташев во ликот на Кратос (God of War)
  • 🥈 Ивана Костадиновиќ во ликот на Maya – the Siren (Borderlands 2)
  • 🥉 Софија Караевска во ликот на Thor (Ragnarok Arena)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии