Odgovori.mk – Споделете го вашето знаење

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Вчера беше објавен новиот интерактивен македонски сервис Odgovori.mk, кој налик на популарниот Yahoo! Answers, им овозможува на корисниците бесплатно да постават прашање од некоја област, или пак да го понудат своето знаење и да дадат одговор на другите. Odgovori.mk засега е во приватна бета и бара регистрација, а создавачот, Даниел Брзанов познат и како Delicon, ни потврди дека најкасно за 1 месец, штом биде комплетно завршен, сајтот ќе биде отворен за сите.

Принципот на користење е едноставен и брз… Пред да поставите прашање, може да пребарувате низ 18-те главни категории, рачно или пак преку полето за пребарување, а одговорите ги давате многу едноставно – со постирање на вашето мислење директно од формата наменета за тоа.

Лесен за користење, највеќе затоа што е избегнато користењето на слики и разни графички додатоци, Odgovori.mk има голем потенцијал да стане навистина популарен сервис кај македонските интернет корисници.

{mosimage}

{mosimage}

Идејата за Odgovori.mk Даниел ја пронашол размислувајќи за тоа каков сајт фали во Македонија, а ја реализирал со користење на PHP, mySQL, CSS и xHTML. Odgovori не е комплетно готов, му недостасуваат разни дополнителни функции како на пример можност за пребарување на прашања и одговори по корисник… интеграцијата на платформи како Facebook Connect би биле огромен плус, но да се надеваме дека авторот на проектот го има тоа во план. :)

За да дадеме подобра оценка за сајтот, го искористивме Odgovori.mk да ги прашаме корисниците кои имаат пристап до приватната бета (оние кои додека се правеше сајтот се пријавиле со својата е-маил адреса) што тие мислат за овој веб 2.0 сајт.

{mosimage}

  • "Вистински web 2.0 сајт со одлична идеа и реализација. Се надевам дека ќе се искористи максималко онака како е замислено." – Димитар Крстевски
  • "Идејата за сајтот и одличниот минималистички дизајн го прават овој сајт
    тоа што е, уникатно место на интернетот за одговарање на прашања како и
    за споделување на мислења и комуницирање. Примарно, го задржува
    концептот на Yahoo! Answers и се стреми да пронајде одговори на
    прањањата на корисниците додека паралелно дава многу фина подлога за
    комуникација која не е ограничена на пријателите како во друштвените
    мрежи. Одличен проект, одлична реализација, веќе ми е во favorites
    сајтот што дефинитивно значи дека ќе го добие моето внимание." – wHOevERest
  • "Само напред за вакви интернет страници-сервиси и повеќе луѓе да си
    помагаат едни со други и се надевам дека и ја ќе помогнам сега на некој!" – Благој Капсаров

Доколку веќе имате пристап до Odgovori.mk, споделете го и вашето мислење во коментарите подолу. Слободно може да поставувате и прашања до создавачот на проектот.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии