Одговарајте побрзо на и-мејлови со Reply Ninja

Секојдневно добивате мејлови и барате некое решение кое ќе ви помогне да бидете временски-поефикасни во нивното одговарање? Reply Ninja би можел да ви излезе во пресрет, во случај да ви одговара начинот на кој е осмислен. Reply Ninja не е ништо повеќе од суптилно проширена алатка за копирање и префлување текст.

Секојпат кога ќе сакате да одговорите на некој и-мејл, кликнете на иконата со трите точки за да го откриете оригиналниот мејл, односно мејлот на кој одговарате. Потоа, доколку застанете со стрелката од вашето глувче врз некоја реченица, ќе видите дека истата автоматски се истакнува од Reply Ninja. Кликнете со глувчето и таа реченица автоматски ќе биде префрлена во мејлот кој сакате да го испратите. Под реченицата, го вметнувате вашиот текст кој е поврзан со претходно-копираната реченица. Процедурата ја повторувате онолку колку сакате, а префрлувањето на оригиналните реченици може да биде во три стилови. Видеото го објаснува многу подобро.

Звучи чудно, но е исклучително практично, особено кога брзате и сакате најефикасно да ги формулирате вашите одговори, независно од тоа дали сте секојдневен корисник, или професионалец.

Reply Ninja функционира и за Chrome и за Firefox.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии