Одби да ја купи Tesla во 2017, но Apple ќе претстави свој електричен автомобил пред 2024

Дејан Соколоски

во Вести

Tesla сега изгледа како да нема никакви проблеми и според вредноста е на врвот на автомобилската индустрија, но не така одамна компанијата беше на работ на банкрот. Ситуацијата била толку лоша што Елон Маск се обидел да ја продаде компанијата на Apple. Според неговата проценка Tesla била на неколку недели од банкрот.

Тогашниот и актуелен директор на компанијата Тим Кук, одбил да се сретне со г. Маск за да ја разгледаат можноста Apple да ја купи Tesla. Овие настани сепак се од 2017 година, кога производителот на електрични возила работеше со загуби. Три години подоцна Tesla е највредниот производител на автомобили, a Apple повторно најавува дека работи на електричен автомобил.

Малку подзаборавивме на ова, но по се изгледа дека Apple сепак продолжува да работи на сопствен автомобил. Возилото на Apple би можеле да го дочекаме пред 2024, велат извори од Apple за Reuters.

Вести за електрично возило од Apple се појавуваат повеќе од 15 години. Првото име на проектот за развој на електрично беше Project Titan, но оттогаш имаше вести и за затворање на овој проект, а и дека компанијата се префрла на софтвер за возила. Сепак се чини дека во Купертино работат на возило, а и покрај отпуштањата од тимот кој работеше на овој проект минатата година, Apple автомобил сепак ќе биде произведен.

Apple нема да работи целосно самостојно на ова возило, но батеријата на автомобилот ќе биде еден од деловите кои во целост ќе бидат произведена и дизајнирана во компанијата. Новиот дизајн треба да овозможи поевтина батерија која ќе обезбеди подолго патување помеѓу застанувањето за полнење. Покрај батеријата и системот за автономија ќе биде развиен од Apple.

Веројатно не е изненадување што Илон Маск имаше реакција на најавата дека Apple работи на развој на сопствено електрично возило. Г. Маск во серија твитови коментира за различни аспекти на технологијата која се поврзува со електричното возило кое би можело да излезе од Apple. Еден од коментарите се однесуваат на „monocell“-батерии, технологијата која Apple ќе ја имплементира во своите возила. Г. Маск смета дека ова е невозможно, бидејќи напонот е 100 пати понизок од потребното.

Дел од компонентите за возилата на Apple ќе бидат произведени од компании партнери. Тука ќе бидат вброени и LIDAR и останати системи за навигација и автономија.

Развојот на возила во Apple е приказна која не стивнува последниве 15 години. Од развој на софтвер за возила, до развој на сопствен автомобил, па дури и за купување на Tesla. Компанијата секако има средства за развој на автономен електричен автомобил, но креирањето на возило е сосем нова „приказна“ за Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии