Од заедницата за заедницата: Startup Macedonia започнува со работа

(Disclaimer: Иако сум дел од асоцијацијата, ова е мој личен став)

Идејата е едноставна. Во Македонија имаме стартап заедница во неколку градови, имаме успешни приказни и искусни ментори; има добри акцелератори и иновативни претприемачи. Но, тоа што фали е меѓусебната соработка, што е можеби причина на поларизираното општество. Сепак, кога зборуваме за бизнис иновации и креативност, сите се согласни дека доброто на заедницата треба биде на првото место.

Од средината на јули имаше неколку отворени состаноци во Јавна соба на кои присуствуваа различни актери од стартап сцената. Планот беше да се откријат најчестите проблеми со кои се соочуваат стартапите, најдобрите решенија кои ќе им ја олеснат работата, и да се формира асоцијација која ќе ја мапира и здружи целата заедница, не само во Скопје и во останатите градови во Македонија, туку да ги поврзе и со интернационалните стартап организации.

Startup Macedonia е основана по моделите на други Startup [име на земја] организации чија цел е да поттикнат иновативно претприемништвото. Startup Macedonia е асоцијација основана од група на стартап ентузијасти, експерти, инвеститори, акцелератори и организации кои имаат заедничка цел – да ја поврзат македонската стартап заедница и да ги охрабрат и помогнат стартапите да креираат поволна и креативна средина за работа.

За почеток е потребно да се мапира и поврзе заедницата, да се види колку македонски стартапи имаме, во која фаза се, колкави тимови имаат; да се види кои се организации можат да го поддржат иновативното претприемништво, кој може да понуди менторство и да сподели знаење. Секој може да се вклучи во дискусијата и во Startup Macedonia со пополнување на две формиза организациите и за стартапите. Веќе има 40-тина поддржувачи кои на некој начин се вклучени во стартап заедницата.

Startup Macedonia ќе биде организација која ќе работи:

  • Да го поттикне претприемачкиот дух;
  • Да охрабри култура на иновации и стартап-инвестиции;
  • Да ја поврзе стартап заедницата и сите кои се вклучени во еко-системот;
  • Да креира дата база на стартапи, ментори и експерти кои ќе споделуваат знаење;
  • Да креира средина каде ќе се разговара отворено за проблемите и решенијата, и заедно ќе се работи кон поголема иновативност;
  • Идентификување на проблемите, решенијата и елиминација на бариери кои го ограничуваат развојот на стартапите во Р. Македонија;
  • Подобрување на правната регулатива која се однесува на стартапите и зголемување на атрактивноста за инвеститори надвор од Р. Македонија;
  • Да ги промовира и поддржи настаните, хакатоните и демо деновите;
  • Да поттикне соработка помеѓу македонските стартапи и интернационалните стартапи, стартап акцелератори и организации, фондови, и други иницијативи;
  • Да поттикне соработка помеѓу бизнис заедницата во Македонија за да се креираат закони и бизнис култура кои ќе поттикнат иновативност.

На крај, треба да се каже дека на организацијата и треба поддршка. Секој може да се вклучи, секој може да сподели фидбек и коментари, и секој кој се грижи за стартапите може да помогне да се изгради подобра стартап заедница.

2 коментари на “Од заедницата за заедницата: Startup Macedonia започнува со работа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии