Од Word преку Google Docs до Zoho Writer

Во далечната 1983 година Microsoft го престави Word, софтверот за пишување текстови па и цели книги кој стана многу популарен. Денеска по дваесет години Office е нешто без кое е тешко да се замисли работењето на компјутер. Нормално програмот одеше одлично со Windows оперативниот систем и бидејќи произлегуваат од иста компанија, Windows и Office се надополнуваа перфектно. И се уште функционираат одлично.

Нo Microsoft никогаш сериозно не се заинтересира тие програми да ги постави онлајн. Како се развиваше интернетот и сервисите на него, така Microsoft изгледаше се повеќе збунет. Тогаш на сцена се појави и Google кои едноставно ги заобиколија Microsoft додека останатите оперативни системи и компании (читај: Аpple) се обидуваа да се натпреваруваат со Microsoft на негов терен со продадени компјутери и подобар софтвер.

Google едноставно сите свои сервиси ги пласираше онлајн. Пример е Google Doсs одличен софтвер онлајн сервис објавен во 2007 година, сервис за кој само ви е потребно да имате корисничко име на Google. Нема потреба од софтвер, нема потреба од снимање на документите и нивното пренесување на дискети, ЦД-а, USB или е-маил. И на Docs може да се пристапи од секој компјутер кој има интернет. А во „поново време“ достапен и преку мобилен телефон.

Еве го објаснување од Google за Docs:

Идејата е всушност cloud computing, односно целиот софтвер е онлајн, односно не е софтвер туку е онлајн сервис преку кој можете да пристапите од секаде во секое време без претходни инсталации. Конкретен пример е OnLive.

Но имаше еден проблем со Google Docs. Ги нема опциите и можностите на инсталиран софтвер. А посебно ги нема опциите и можностите кои Word ги поседува, кој со години е најкористен програм за уредување на текстови и документи, а поради популарноста и Microsoft му има посветено големо внимание во неговото подобрување.

Тука се појавува Zoho, мала компанија која се фокусираше на обезбедување онлајн сервиси кои ќе го заменат традиционалниот софтвер. Zoho нуди околу 20 такви сервиси, некои преку бесплатен пристап до 1 GB простор, а некои со мал надоместок за пристап или повеќе гигабајти. Конкретно Zoho разви текстуален процесор Zoho Writer кој може да му конкурира на Microsoft Word. Не е ни малку за изненадување што Zoho Writer наликува многу на Word, односно ги има табовите и се што сме се навикнале да имаме во Word.
На Zoho можете да се логирате со корисничко име од Yahoo! или Google, односно со @yahoo.com и @gmail.com. Откако ќе се логирате ги имате опциите да го споделите документот, да го пратите преку е-маил или да го објавите како јавен.

Но, најинтересно од се е што Zoho Writer и Google Docs можете да го користите и офлајн со помош на Google Gears, односно откако ќе се логирате ‘Go Offline’ и немора да се замарате за интернет врската. Кога ќе завршите снимете го и следното „закачување“ онлајн вашиот документ/текст ќе се поврзе со серверите на Zoho. Но исто така можете да ги прегледувате и текстовите кои претходно сте ги напишале. Тука можете да видите како да го користите Zoho Writer офлајн.

Иако Zoho Writer се уште не е функционален како Microsoft Word, сепак еволуцијата во ИТ светот не е долг процес.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии