Од судница на соработка, Uber и Waymo разговараат за партнерство

Дејан Соколоски

во Свет

Uber и автомобилскиот оддел на Google, Waymo започнале разговори за можно партнерство. Претходниот пат кога медиумите зборуваа за двете компании беше за судски спор и кражба на интелектуална сопственост. Промената на тонот помеѓу компаниите секако е добредојдена.

Веста дека Uber преговара со Waymo за користење на технологијата во своите возила дојде од Дара Косровшахи, кој го замени Тревис Каланик на местото директор на Uber. Г. Косровшахи ова го откри во интервју со Кара Свишер на Code конференцијата.

„Односите ни се подобруваат, Односите со компаниите се градат бавно но сигурно. Имам долга соработка со Google и имаме доверба. Преговараме со Waymo. Ако нешто се случи одлично, ако не можеме да живееме и со тоа“, вели директорот на Uber.

Интересно е што Google, односно Waymo има акции во Uber. Компанијата во февруари им „исплати“ 245 милиони долари во акции како дел од судската спогодба.

Што се однесува до технологијата, речиси без сомневање она што го нуди Waymo е далеку над можностите на технологијата која во моментов ја поседува Uber. Се чини дека и во Uber се свесни за ова.

„Имаат неверојатна технологија, и сериозни се со автономните возила. До некој степен оваа технологија би можела да се појави на мрежата на Uber. Мислам дека ќе биде добро. Од нив зависи дали ќе сакаат да го направат ова или не“.

Секако целиот говор не беше фокусиран на спорот и можната соработка со Waymo. Дел од интервјуто се однесува и на иднината на автономните возила. Г. Косровшахи е убеден дека во иднина сите автономни возила ќе бидат дел од сервиси за споделување на превоз. Всушност иднината на превозот најверојатно е во вакви сервиси. Технологијата може да обезбеди поголема искористеност на возилата, а со тоа и потреба од помал број на возила и паркинзи. Со тоа автономните возила не само што ќе го променат превозот, туку ќе влијаат и на промена на изгледот на градовите во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии