Од следниот месец беспилотни возила на Uber и Volvo ќе разнесуваат патници

Ако таксистите мислеа дека Uber е проблематична конкуренција досега, новонајавениот потег на компанијата без сомневање ќе ги полуди. Uber најави дека во Питсбург, започнува пилот проект на такси превоз со автономни возила. Во овој потфат компанијата за партнер го има Volvo, а заедно ќе инвестираат 300 милиони долари.

Volvo вети дека до крајот на годината ќе достави 100 паметни возила. Возилата се произведени од Volvo и доаѓаат со технологија која е развиена во Volvo наречена IntelliSafe. Сепак Uber ќе соработува и со други производтели, што ги објаснува тестовите кои ги имаат со Ford во моментов.

Новите возила ќе се развиваат на SPA (Scalable Product Architecture) модуларот на Volvo Cars, една од најразвиените светски архитектури кои се користат во најновите возила XC90 SUV, S90 премиум седан и V90 премиум естејт. SPA архитектурата ќе биде дел од глобалната индустриска програма од 11 милијарди долари, започната во 2010 година и е основна база за најновите технологии за автономни возила, како и следната генерација за електрификација и развој на поврзаноста.

Речиси истовремено со оваа најава, Uber најави дека го купува Otto – компанија за превоз на стока со камиони. Uber плати 680 милиони долари во акции, но и 20 отсто од идниот профит на камионскиот превоз. Otto има технологија за автономно возење која ја користи во камионите. Се чини дека токму технологијата е причината поради која Uber е заинтересиран за стартапот.

Друга и можеби поважна причина за аквизицијата е Антони Левандовски. Г. Левандовски пред Otto беше главниот архитект на автономните возила на Google. Со ова Uber сега има експерт со огромно искуство зад своите напори за автономен превоз, пренесе Recode.

1 коментар на “Од следниот месец беспилотни возила на Uber и Volvo ќе разнесуваат патници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии