Од следната година автономните возила на Ford ќе возат низ Европа

Ford најави дека од 2017 година ќе започне со тестови на своите автономни возила во Европа. Тестирани ќе бидат автономните возила на компанијата, за кои производителот најави дека ќе бидат достапни од 2021. Компанијата во моментов располага со околу 30 тест возила, но во 2017 ќе го зголеми овој број на 100, пренесува Business Insider.

Според најавата Ford ќе ги тестира своите возила во Британија и Германија каде и постои востановена пракса на тестови. Дополнително во овие држави своите возила ги тестираат и европските производители на возила. Компанијата во Европа им се приклучува на BMW, Volvo, Mercedes и уште неколку производители кои ги тестираат своите верзии на автономни возила.

Автономното возило на Ford (Image Courtesy of Ford.com)

Автономното возило на Ford (Image Courtesy of Ford.com)

Компанијата за разлика од дел од конкуретните не планира полу-фаза на автономност, во која возилата и возачот ќе го делат товарот на возењето, според нивните сознанија возачите во овој случај се опуштаат и така се прават грешки. Поради ова компанијата се одлучи веднаш да излезе со потполно автономно возило.

„Не сме во трка да бидеме први, но сме во трка да ја направиме вистинската работа. Поради ова го надградуваме 10 годишното искуство на како одговорно да се испорача сервис кој е потполно автономен и нема потреба од возач.“, вели Кен Вашингтон, претставник на одделот за автономни возила во Ford.

Речиси истовремено дел од европските производители на автомобили и Ford, објавија дека во 2017 ќе започнат со издградба на мрежа за ултра-брзо полнење на електрични возила. BMW Group, Daimler AG, Ford Motor Company и Volkswagen Group со Audi и Porsche потпишаа меморандум со кој се договорија да изградат доволно станици за да може да се вози низ Европа со електрично возило. Изградбата започнува во 2017, а се очекува да заврши во 2020. Првична цел е изградба на околу 400 станици за полнење, објави Ford.

charging-pic

Станиците ќе бидат со 350 KW еднонасочни полначи. За споредба мрежата која ја изгради Tesla е со 120 KW полначи и може да обезбеди  272 километри пат за 30 минути полнење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии